Од утрово активни седум пожари на отворен простор од 27 евидентирани на територијата на државата, под контрола се ставени три пожари, а 17 се изгаснати.информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од утрово активни седум пожари на отворен простор од 27 евидентирани на територијата на државата, под контрола се ставени три пожари, а 17 се изгаснати.информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Министерството за транспорт го поништи тендерот за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење, откако надлежната Комисија утврдила дека единствената пријавена компанија не ги исполнува условите од објавениот повик.
Вашингтон и Брисел избегнаа трговска војна, но блокот видно незадоволен од договорот. Земјите – членки стравуваат за ризиците по домашната економија.
Киев и Москва ги продолжија нападите. Две лица загинаа во руски ракетен напад врз Камјанск, во југоисточна Украина.
Едно лице загина во напад со дрон во руски Ростов, а одбиени нападите во други области.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
За нападот врз скопската градоначалничка, едно лице седнува на обвинителната клупа, под обвинение за насилство.
Во Собранието гласање за интерпелацијата за државниот јавен обвинител Коцевски, поднесена од „Левица“.
ВМРО-ДПМНЕ не открива како ќе гласа. Премиерот Мицкоски вели дека не ги менува ставовите преку ноќ.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Министерот за здравство, Азир Алиу денес ја посети мобилната единица на плоштад „Македонија“ во Скопје од каде почна бесплатниот и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб.
Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против државјанин на Република Србија осомничен за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.