Кокаинот им носеше пари, а одмаздата крв – бандата од Грчец падна под тежината на сопствените злосторства. Скопска единица изрече вкупен затвор од 50 години и шест месеци на шестмина обвинети од екипата на Шеваљ Муареми.
Вести
-
Македонија 15.07.2025 16:47
-
Македонија 15.07.2025 16:14
Седница на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и тероризам
Македонија е мирна и стабилна држава, нивото на загрозеност од терористички закани е ниско. Системот за безбедност е добро поставен, вели националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам.
-
Македонија 15.07.2025 15:35
МОН го објави конкурсот за прием на студенти во студентски домови за 2025/2026 година
Студентите од втора и повисоките години, како и апсолвентите, од денеска може да аплицираат за сместување во студентските домови – државни и приватни – за академската 2025/2026 година. Конкурсот е отворен до 31 јули, информира министерството за образование и наука.
-
Македонија 15.07.2025 15:04
Обвинение против две лица за спречување новинарска екипа да известува
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 15.07.2025 14:35
Напаѓачот на Арсовска заврши во притвор
Напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Сулејман Љамалари заврши во затворски притвор. Кривичниот совет на скопска единица, постапувајќи по жалбата на Обвинителството, ја преиначи одлуката на судијата на претходна постапка и мерката куќен притвор ја замени со ефективен притвор.
-
Македонија 15.07.2025 13:31
Резултати од Стратегијата за инклузија на Ромите
Македонија е лидер во спроведување на системска интеграција на Ромите.
-
Македонија 15.07.2025 13:30
Пожарите влијаат врз биодиверзитетот
До 12:30 часот, од ЦУК информираат дека на територијата на државата регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активни се 6. -
Македонија 15.07.2025 13:22
Пресуда на криминалната група од Грчец
Во Кривичниот суд, пресуда за членови на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец. Три членови на групата кои беа уапсени лани, во јануари, се обвинети за недозволена трговија на 15 килограми кокаин, а двајца за двојно убиство.
-
Македонија 15.07.2025 13:14
Влада: Нивото од терористички закани е ниско
Заседава Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и тероризам. Оценката е дека Македонија е стабилна држава со ниско ниво од терористички закани. Стратегијата е јакнење на институциите за сигурна држава.
-
Македонија 15.07.2025 13:00
Три месеци затвор за убиецот на кучето Феликс
Љубе Крстевски и Бране Билбиловски беа осудени за мачењето и убиството на бездомното куче Феликс. Крстевски доби 3 месеци затворска казна, а Билбиловски парична казна од 1.000 евра, доколку не ја плати ќе биде затворска, ова е пресудата на судијката Лидија Петровска.










