Украина ќе добие системи за воздушна одбрана Патриот за да се заштити од руските напади, објави шефот на Белата куќа. Според Трамп, испораката ќе биде дел од договор со кој НАТО земјите ќе ги покријат трошоците.
Вести
-
Свет 14.07.2025 18:01
-
Македонија 14.07.2025 17:50
Огнот не стивнува на неколку локации во земјава
Пожарите не стивнуваат, активни се пет. Најсериозно е над дојранското селото Николиќ, кај Велес и во Македонски Брод. Пожарот од Николиќ, се шири кон Валандово. Се користат булдожери за да се направи пресека и да се спречи ширење на огнот.
-
Македонија 14.07.2025 17:24
Државните институции од денеска имаат пристап до привремено и трајно одземени возила
На сила измените на Законот за конфискација на имот со кој привремено и конечно одземените возила од Агенцијата за управување со одземен имот ќе им бидат достапни на сите институции, а не само на МВР и АРМ како досега, информира директорката на агенцијата Илиевска.
-
Економија 14.07.2025 17:01
Комисиската расправа за ребалансот на Буџетот заврши
Справување со последиците од трагедијата во кочанската дискотека и повеќе пари за борба со пожарите. Ова се двата клучни амандмани за кои социјалдемократите и коалицијата инсистираат да се опфатат со ребалансот на Буџетот, откако одлучија да ги повлечат сите преостанати.
-
Економија 14.07.2025 16:23
Царината руши финансиски рекорди со историска наплата на давачки
Царинската управа за една година наплатила приходи во висина од над две милијарди евра, што е за 105 милиони евра повеќе споредено со истиот период претходно.
-
Македонија 14.07.2025 16:08
Презентирани програмата и приоритетите на данското претседателство со Советот на ЕУ
За Данска приоритет број еден е безбедна Европа. Агресијата на Русија над Украина беше повик за будење дека Европската унија треба да се проширува со нови членки, за да има напредок. Долго чекате пред вратата на Унијата – рече данската амбасадорка Перниле Деилер Кардел.
-
Македонија 14.07.2025 15:50
Лишен од слобода возач од гостиварско, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде што дозволената брзина е 50 км на час
На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ќ.Т.(44) од гостиварското село Боговиње.
-
Македонија 14.07.2025 14:58
Партиите финишираат со кандидатурите за градоначалници
За повеќе од половина општини во земјава познат е барем по еден кандидат за градоначалник за есенските локални избори.
-
Македонија 14.07.2025 14:44
За шест часа изречени 600 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (13.07.2025) во периодот од 15.00 до 21.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 600 возачи.
-
Македонија 14.07.2025 14:05
Лишен од слобода малолетник од Куманово, бил затекнат при обид да запали кабли
На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место викано „Бавчи“ во Куманово бил затекнат при обид да запали бакарни кабли.










