Украина ќе добие системи за воздушна одбрана „Патриот“ за да се заштити од руските напади, објави шефот на Белата куќа. Според Трамп, испораката ќе биде дел од договор со кој НАТО земјите ќе ги покријат трошоците.
Вести
-
Свет 14.07.2025 09:49
-
Свет 14.07.2025 09:24
ЕУ ќе го одложи воведувањето на реципрочни царини кон САД
ЕУ – најголемиот трговски партнер на САД и најголемиот трговски блок во светот – требаше да воведе контрамерки почнувајќи од денеска.
-
Свет 14.07.2025 09:15
Протести во Ерусалим за враќање на заложниците
Израелската војска соопшти дека за 24 часа нападнала повеќе од 150 цели и го обвинува Хамас за цивилните жртви, со став дека милитантната група дејствува во населени области.
-
Македонија 14.07.2025 09:14
Кривичен суд ќе одлучува по жалбата на ЈО куќниот притвор за напаѓачот на Арсовска да го преиначи во затворски
Кривичниот суд денеска ќе одлучува по жалбата на Јавното обвинителство да му се определи куќен притвор за напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска, со барање да се преиначи во затворски.
-
Македонија 14.07.2025 09:13
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-
Свет 14.07.2025 09:10
Руте во дводневна посета на Вашингтон
Генералниот секретар на НАТО, Руте во дводневна посета на Вашингтон. Предвидени средби со претседателот Трамп, секретарот Рубио, министерот за одбрана Хегсет, како и со претставници од Конгресот.
-
Свет 14.07.2025 09:07
Продолжуваат руските напади во Украина
Жестоките борби продолжуваат во источна Украина – руските сили тврдат дека освоиле две населби во регионот Донецк. Во меѓувреме, францускиот претседател објави дополнителни воени трошоци од 6,5 милијарди евра во идните две години поради нови и невидени закани.
-
Македонија 14.07.2025 08:47
Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот.
Во петокот беа разгледани вкупно 31 амандман, од кои беше прифатен само еден, поднесен од пратениците од власта.
-
Македонија 14.07.2025 08:36
ЦУК: Активни се пет, изгаснати 19 пожари
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, активни се пет пожари, а изгаснати се 19. Ситуацијата најсериозна кај селото Николич во Дојран.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување смета дека добро се справуваат со пожарите.
-
Македонија 14.07.2025 08:13
Сончево и топло со температура до 39 степени
Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе достигне до 39 степени.










