Вести

  • Свет 11.06.2025 12:41

    Прогласен полициски час во дел од Лос Анџелес

    Една квадратна милја е површината во градот на ангелите на којашто градоначалничката Бас прогласи полициски час во траење од осум навечер до шест часот изутрина. Од наредбата се изземени жителите на областа, бездомниците, медиумските работници и државните службеници.

  • Македонија 11.06.2025 12:28

    Васил Јованов спроведен во Апелационен суд

    Васил Јованов, кој ја прегази и усмрти 24-годишната Фросина, беше спроведен во скопскиот Апелационен суд. Но, седницата е по обвинение за кое беше суден – за недозволена трговија со наркотични средства.

  • Свет 11.06.2025 11:57

    САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка

    Преговарачките тимови на САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка, која сега треба да биде одобрена од претседателите Трамп и Џинпинг. Клучно прашање во преговорите се ретките метали од Кина – стратешки суровини за батерии, турбини на ветер и одбранбени технологии.

  • Македонија 11.06.2025 11:16

    Трајков ќе учествува на 9-та Меѓународна научна конференција за ЕУ и компаративното право во Дубровник

    Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков ќе учествува на 9-та Меѓународна научна конференција за прашања и предизвици од областа на ЕУ и компаративното право „Силна и безбедна Европа: Правни и Економски аспекти“ која во наредните два дена ќе се одржи во Дубровник.

  • Свет 11.06.2025 10:32

    Во Австрија тридневна жалост

    Австрија во тага и тридневна жалост. Минутен молк за жртвите во масакрот во училиштето во Грац каде што беа убиени 10 лица, а уште едно подоцна им подлегна на повредите. Во дворот на објектот – ужалените семејства.

  • Свет 11.06.2025 09:51

    Вонредна состојба и полициски час во Лос Анџелес

    Во делови од центарот на Лос Анџелес воведен полициски час како одговор на грабежите и насилството за време на протестите против имиграциските рации. Во сила е до утринските часови.

  • Свет 11.06.2025 09:34

    Русија продолжува со масовни напади во Украина

    Русија продолжува со масовни напади во Украина. Во Харков жртви и десетици повредени. Јавува за соборени десетици украински дронови. САД ја повика Русија веднаш да престане со нападите откако изврши еден од најголемите воздушни удари врз Киев и Одеса.

  • Македонија 11.06.2025 09:05

    Осум иницијативи на денешната седница на Уставен суд

    Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12. седница, на чиј дневен ред се предвидени осум иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права и, како што е најавено, ќе треба да се донесат конечни одлуки за два предмета.

  • Македонија 11.06.2025 08:51

    Денеска во Собрание седници на две комисии

    Денеска во законодавниот дом ќе се одржат седници на две собраниски тела – Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за финансирање и буџет.

  • Свет 11.06.2025 08:35

    Австрија: Оддавање почит на жртвите во училиштниот масакар

    Австрија во тага и тридневна жалост по масакрот во училиштето во Грац, каде што беа убиени 10 лица, а уште едно подоцна им подлегна на повредите. Илјадници граѓани со свеќи се собраа на плоштадот за да им оддадат почит на жртвите. Во нивна чест беше одржана и миса.

Pages