Министерот Георгиев го информираше министерот Муцунски за одлуката донесена од страна на бугарското Собрание, која се однесува на напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување во Европската унија.
Вести
-
Македонија 11.06.2025 19:35
-
Македонија 11.06.2025 19:03
Официјална средба на Лимани и пратеникот во Националниот совет на Австрија, Роберт Лајмер
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на својата посета во Австрија оствари официјална средба со пратеникот во Националниот совет на Австрија и претставник на Социјалдемократската партија на Австрија, г.
-
Македонија 11.06.2025 18:36
Во Собранието се одржа стручна средба за справување со странско мешање и манипулирање со информации
Во Северна Македонија не постои систематизиран пристап за справување со странско мешање и манипулирање на информации (СММИ), ниту институционален механизам за брза и координирана реакција.
-
Македонија 11.06.2025 18:22
Матурантите го полагаа вториот екстерен испит
Поради просторните услови речиси половината од прилепските матуранти, а и од Крушево и македонски брод вториот екстерен испит го полагаа на Економскиот факултет.
Полагањето на странски јазик или математика претекна без проблем.
-
Економија 11.06.2025 18:00
Со новиот Закон за енергетика се очекува да се намалат загубите на струја
Во јулските сметки за потрошена струја ќе биде наведено дали броилото е прочитано или износот е паушален. Првите паметни броила кои се очекува да обезбедат прецизни сметки, би требало да стигнат за две години, а за седум ќе бидат заменети сите.
-
Македонија 11.06.2025 17:40
Дијабетичарите алармираат за недостиг од терапија
Дијабетичарите повторно алармираат за недостиг од инсулинска терапија. Посочувајќи ги проблемите со кои се соочуваат подолго време му посакаа добредојде на новиот министер за здравство.
-
Македонија 11.06.2025 17:24
Расправа во МАНУ за Предлог-законот за Судски совет
Довербата во судско-обвинителските институции е на многу ниско ниво, затоа потребни се сериозни законски измени, но тоа да биде согласно Устав, велат универзитетски професори.
-
Македонија 11.06.2025 17:00
Училиштата да не доделуваат парталави учебници, МОН ќе ги замени со нови пред 1 септември
Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството за образование и наука и истите ќе бидат заменети со нови пред почетокот на новата учебна година.
-
Македонија 11.06.2025 16:23
Мицкоски: Софија сака да создаде нова македонска нација
Целта на официјална Софија не е внесување на бугарите во Уставот. Станува збор за обид за создавање на нова македонска нација, која користи нов македонски јазик, кој наводно почива на бугарски корени, смета премиерот Мицкоски.
-
Култура 11.06.2025 16:01
Реконструкција на зградата на библиотеката „Св. Климент Охридски“
Старопечатени книги, ретки книги и словенските ракописи коишто датираат од 13 век се чуваат во импозантниот објект од културата, Националната универзитетска библиотека „Св. Климент охридски“ која со години е нем сведок на нејзиното бавно распаѓање.










