Интензивен американски притисок врз Иран, Техеран не ги почитува меѓународните обврски. Регионот станува опасна средина, потврди американскиот претседател Трамп и нареди повлекување на несуштинскиот персонал од соседната земја Ирак каде што се распоредени 2.500 американски војници.
Вести
-
Свет 12.06.2025 12:56
-
Македонија 12.06.2025 12:39
БЈБ: Граѓаните да се охрабрат и да пријавуваат корупција
Корупцијата со години ја разнишува довербата во институциите и ја загрозува правната држава, вели директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најавувајќи максимална поддршка за кампањата „0% корупција-Ајде да е вистина“.
-
Свет 12.06.2025 12:19
Индија: Авион со 242 патници се урна по полетувањето кон Лондон
Патнички авион на „Ер Индија“, со 242 патници се урна непосредно по полетувањето во близина на аеродромот во западниот индиски град Ахмедабад. Летот бил меѓународен и, според редовниот распоред, бил упатен кон аеродромот Гетвик во Лондон.
-
Свет 12.06.2025 12:11
Стејт департментот наредил заминување на дипломатскиот персонал од амбасадите на Блискиот Исток
САД му наредија на дипломатскиот персонал и нивните семејства да ги напуштат амбасадите на Блискиот Исток, поради растечките дипломатски тензии во регионот. Објавата следува откако Иран се закани дека ќе ги нападне американските воени бази во регионот доколку избувне конфликт.
-
Култура 12.06.2025 11:43
Промоција на монографијата „Македонска поетика и стилистика“
Колективна монографија „Македонска поетика и стилистика“, прва национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји, ќе биде промовирана денеска во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
-
Македонија 12.06.2025 11:09
Средба Николоски – Ле Риголер
Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири, денеска остварија работна средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф Ле Риголер.
-
Свет 12.06.2025 10:42
Гранатирана цивилна инфраструктура во Харков, има повредени
И ноќва нови напади во Украина. Гранатирана цивилна инфраструктура во Харков, има повредени, меѓу кои и деца. Вчера Москва ги предаде телата на 1.200 загинати украински војници во рамки на договорот постигнат во Истанбул. Денеска стартува итната размена на тешко ранети затвореници.
-
Македонија 12.06.2025 10:16
Предлог-измени на Изборниот законик на собраниска седница
Предлог-измените на Изборниот законик, по скратена постапка, со кој се бара Македонија да биде една изборна единица, поднесен од Либерално-демократска партија, на собраниска седница.
-
Македонија 12.06.2025 10:00
За три дена, 109 повици на директната телефонска линија за повредените лица во пожарот
109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна комуникација со канцеларијата на премиерот ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози. Преку низа мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства.
-
Свет 12.06.2025 09:42
Полицискиот час во Лос Анџелес и натаму во сила
Администрацијата ќе продолжи со напорите за масовна депортација што претседателот и ги вети на американската јавност, велат од Белата куќа. Одново упатија критики кон властите во Калифорнија за неуспехот да воспостават ред на улиците по масовните протести.










