Сликата од пожарот што избувна во Сивири, Халкидики, е подобрена. Според информациите од противпожарната служба, нема активен фронт, но има многу жаришта. Во областа дејствуваат над 200 пожарникари на копно и од воздух.
Вести
-
Свет 14.08.2026 12:25
-
Македонија 14.08.2026 12:01
Кривична пријава против три лица за насилство во скопско
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од село Буковиќ, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
-
Македонија 14.08.2026 11:18
Подобрени параметрите на водата во Гостивар, се чека одлука на АХВ
Гостиварци во очекување на веста дека водата од водоводот е безбедна за пиење. Последните анализи покажале значително подобрување на микробиолошките параметри. Денеска АХВ официјално треба да соопшти дали ќе ја укине забраната.
-
Македонија 14.08.2026 10:51
Струмичанец со 1,75 промили учествувал во сообраќајка во која загина 19-годишна девојка
Сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на село Турново.
-
Свет 14.08.2026 10:35
Европа под удар на топлотен бран, суша и пожари
Екстремната топлина, пожарите, ниското ниво на реките и долгиот сушен период го менуваат пејзажот на Европа.
-
Македонија 14.08.2026 10:09
МНР со апел до македонските државјани во погодените подрачја од пожарите во Грција да се обратат ако имаат потреба од помош
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја следи состојбата со пожарите во Грција преку дипломатско-конзуларното претставништво во Солун и во координација со надлежните грчки институции.
-
Македонија 14.08.2026 09:41
Ангелов: Вчера најтежок ден во сезоната на пожари, активни шест пожари
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во видеоизјава оцени дека вчера бил најтежок ден во досегашниот дел од сезоната на пожари, особено поради опасноста за населените места.
-
Македонија 14.08.2026 09:31
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 14.08.2026 09:19
Патнички воз излета од шините во Англија: 20 патници се повредени, двајца потешко
Најмалку 20 лица се повредени, од кои две потешко, откако патнички воз излета од шините во јужна Англија.
-
Македонија 14.08.2026 08:39
По тешката битка со пожарот, надмината опасноста за куќите во Лознани и Новоселани
Доцна синоќа опасноста за куќите во Лознани и во Новоселани е надмината по тешката битка на пожарникарите со огнот. Има и повредено лице. Се гасеше на 40-сетина места.










