Жена вооружена со нож нападна патници на еден од пероните на централната железничка станица во Хамбург, повредувајќи 17 луѓе. Четири се во критична, а шестмина во тешка здравствена состојба, соопштија германските власти.
Полицијата тврди дека нападот нема политички мотиви.










