Над 120 судири во еден ден на фронтовската линија помеѓу Украина и Русија, од кои најголемиот дел во Покровск, каде што руската војска извршила 55 напади во 24 часа.
Вести
-
Свет 27.07.2025 13:09
-
Свет 27.07.2025 12:04
Се продлабочува хуманитарната криза во Газа
Утрово по експлозија облак од чад се издига над Појасот Газа. Претходно, израелската војска објави „тактичка пауза“ во борбите во три области на Газа за да се справи со влошената хуманитарна ситуација.
-
Македонија 27.07.2025 11:22
На Табановце и Пелинце се чека околу 45 минути, на Богородица до 30 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Свет 27.07.2025 10:41
„Тактичка пауза“ за да се достави помош во Газа
Израелската војска објави привремен прекин на огнот во три области на Газа, како одговор на влошената хуманитарна ситуација.
-
Македонија 27.07.2025 10:11
12 активни пожари низ Македонија
Во изминатото деноноќие, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 33 пожари на отворен простор низ земјава. Од нив, 12 се сè уште активни, 5 се ставени под контрола, додека 16 се целосно изгаснати.
-
Македонија 27.07.2025 09:16
Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северните делови, ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.
-
Македонија 26.07.2025 19:35
Министерот за здравство најави дигитална трансформација и нова апликација во здравството
Азир Алиу најави воведување ново софтверско решение кое ќе ја олесни комуникацијата и движењето на пациентот низ здравствениот систем.
-
Свет 26.07.2025 19:00
Лекарите во Велика Британија почнаа петдневен штрајк поради платите
Илјадници лекари во државниот здравствен систем на Англија почнаа петдневен штрајк поради платите, за кој владата вели дека ќе ја наруши грижата за пациентите низ целата земја. Штрајкот се случува поради неуспешните разговори со владата.
-
Македонија 26.07.2025 18:13
Сведоштва за разорниот земјотрес од 1963 година во Скопје
Времето на часовникот покажува 5 часот и 17 минути, моментот кога пред 62 години разорен земјотрес го разруши Скопје. 1.070 граѓани ги загубија своите животи а 3.000 беа повредени.
-
Македонија 26.07.2025 17:26
Нов протест за загинатите во Кочани
Во Кочани ќе се одржи шеснаесеттиот „Марш на ангелите“ – марш на болката и борбата за правда. Маршот, организиран од Здружението „16 март 2025 Кочани“, ќе почне во 18 часот и 05 минути од паркот на револуцијата и ќе се одвива по вообичаената рута.










