Нов протест пред Граѓанскиот суд во Скопје. Се бара правда за бездомното куче Феликс, кое беше малтретирано и претепано до смрт. Им се суди на двајца.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски.
Нов протест пред Граѓанскиот суд во Скопје. Се бара правда за бездомното куче Феликс, кое беше малтретирано и претепано до смрт. Им се суди на двајца.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски.
Утре е меѓународниот ден на трудот. Сојузот на синдикатите на Македонија излегува на протест за повисоки плати. Но, Конфедерацијата на слободни синдикати нема да се придружи, оти верува дека предизвиците може да се решат само со социјален дијалог.
Како судството да се извлече од позиција на ужасно ниската доверба? Здружението на судии организираше конференција за подигнување на независноста, одговорноста и ефикасноста на постапките. Но, дополнителен проблем што се појавува е недостигот од кадар.
Откако беше осомничена во случајот „Адитив“ дека наводно откривала службени тајни, по неколку дена молк, со писмо се огласи претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска. Се правда дека имала само пријателска комуникација со еден од осомничените, кој и бил семеен пријател.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е дел од владината делегација која е во посета на македонскиот павилјон во рамките на „ЕКСПО 2025“ во Осака, Јапонија, денеска во Кјото, заедно со Игор Јанушев, генерален секретар на Владата на Македонија, и Андријана Цветковиќ, прв амбасадор на М
Во следниве десет дена ќе се потпише договорот за изградба на интерконекторот со Грција на македонскиот дел до границата, потврди за Миа, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
Линијата на контрола којашто се протега низ кашмир, долга 740 километри е повторно потенцијално жариште на војна меѓу Индија и Пакистан. Од Исламабад пристигнуваат разузнавачки информации за можен индиски напад, најдоцна за 36 часа.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Струга, поднесе кривична пријава против две физички и едно правно лице поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување член 279 од КЗ.
По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со ц
САД воведоа санкции за субјекти со седиште во Кина и Иран за кои се тврди дека ја поддржувале ракетната програма на Техеран. Санкциите следуваат во момент кога со посредство на Оман се одржуваат разговори меѓу Вашингтон и Техеран, а нова рунда е закажана за трети мај.