Претседателката на Aнтикорупциска, Татјана Димитровска на распит во Кривичниот суд за случајот „Aдитив“. Истрагата е проширена со нови тројца осомничени. Се бараат мерки на претпазливост.
Известува Анита Димитријевска- Велковска
Претседателката на Aнтикорупциска, Татјана Димитровска на распит во Кривичниот суд за случајот „Aдитив“. Истрагата е проширена со нови тројца осомничени. Се бараат мерки на претпазливост.
Известува Анита Димитријевска- Велковска
Процесот на рехабилитација на пациентите повредени од несреќата во Кочани, ќе биде долг. Кај некои ќе трае од два до три месеца, но кај потешко повредените ќе се одвива и со години и нема да биде лесен. Надлежните ветуваат најдобра можна рехабилитација.
Битола, Струга, Чаир, Сарај, Центар, Чаир, се меѓу седумнаесетте општини кои не аплицирале за проекти за модернизација. Министерот за локална самоуправа Перински потсети дека рокот истекува за помалку од една недела.
Според лидерот на Алијанса за Албанците единствено за тоа може да одлучи тој што ја формира владата. Таравари потврди дека разговарал со премиерот, но не открива детали. Тет-а-тет средбата Мицкоски-Таравари се најавува по 1-ви мај.
Ден на сеќавање на холокаустот, кога Израел и Евреите им оддаваат почит на 6 милионите жртви за време на Втората светска војна. Претседателот на еврејската заедница вели, сè уште не е научена лекцијата од Втората светска војна.
Русија во текот на ноќта истрела 215 проектили и беспилотни летала кон Украина. Киев повторно на удар. Десетмина загинати и десетици ранети, меѓу жртвите и повредените има деца, соопштија властите. Пријавени се пожари во неколку станбени згради.
Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(62), С.Д.(23) и Д.А.(30), сите од Куманово.
Состојбите во економијата, политиките што ги презема Владата и посветеноста во остварување на тие политики со цел остварување на планираниот економски раст и стабилизирање на инфлацијата се дел од пораките што министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе ги пренесе на средбите во Вашин
Уште една недела ограничување на профитните маржи на производите во маркетите. Мерката за ограничени маржи на 5, 10, 15 проценти даде ефекти во заштитата на животниот стандард на граѓаните и контролата на трговците со цените, сметаат од Министерството за економија и труд
Околу 3.000 културни работници од 120 институции ја добија мартовската плата согласно колективниот договор. Социјалниот дијалог со синдикатот ќе продолжи до изнаоѓање долгорочно решение за стабилност на културните институции – уверува Министерството за култура и туризам.