Специјалниот пратеник на американскиот претседател Трамп, Стив Виткоф, изјави дека Украина се согласила да ги организира претседателските избори.
Вести
-
Свет 23.03.2025 12:21
-
Македонија 23.03.2025 11:19
54 повредени се лекуваат во домашните болници
Бројот на повредени од пожарот во Кочани надмина 200-те. Во македонските болници се лекуваат 54 повредени. Каква е состојбата на повредените? Очигледно дека претстои и долга борба за закрепнување?!
Мартин Николовски известува од Клиничкиот центар
-
Македонија 23.03.2025 10:26
Продолжува собирањето докази
Обвинителството продолжува со прибирањето докази за пожарот во Кочани. Осомничени се 34 физички и три правни лица. Има ли рок до кога Обвинителството треба да покрене обвинителен акт?!
Анита Димитријевска-Велковска известува од Кочани.
-
Свет 23.03.2025 09:33
Ердоган: Опозицијата дека се обидува да создаде хаос
Турскиот претседател Ердоган ја обвини опозицијата дека се обидува да создаде „атмосфера на тензија и хаос“ во различни градови низ земјата.
-
Македонија 23.03.2025 08:24
Променливо облачно со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура е во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени Целзиусови.
-
Македонија 22.03.2025 21:09
Кривична пријава за скопјанец, без возачка дозвола возел над 100 км/час, каде било дозволено 50 км/час
Денеска (22.03.2025) во 12.48 часот полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје на бул.
-
Македонија 22.03.2025 19:24
Да се објави целата документација за клубот „Пулс“, бара граѓанското движење
Граѓанско движење „Кој е следен?“, кое организира собири по трагедијата во Кочани, ги изложи барањата.
-
Македонија 22.03.2025 18:41
Трошоците за лекувањето покриени од државата
Трошоците за лекувањето во странство на 116-те пациенти повредени во пожарот во Кочани се покриени од државите домаќини. Трошоците за пат, сместување и за логистика за семејствата на пациентите се на товар на македонската Влада, објасни шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски.
-
Македонија 22.03.2025 17:54
Во Солун шеесетминутен молк за жртвите во трагедијата
Кочани, Солун е со тебе. Нивните профити или нашите животи?. Осамна пролетно утро сончево, а сончевите зраци денес, темни црнила.
-
Македонија 22.03.2025 17:02
Подготовки на медицинските протоколи за враќање на пациентите од странство
Матичните доктори добија инструкции за лекување на повредените од пожарот, но и насоки за издавање на боледувањата. Кризниот штаб им дал препораки за постапување во пост-болничкиот третман за да се превенираат инфекции кои може да им ја влошат состојбата на пациентите.










