Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу е уапсен поради корупција – соопштија турските власти.
Вести
-
Свет 19.03.2025 09:33
-
Култура 19.03.2025 08:57
Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи со хуманитарна цел
Националниот џез оркестар, откако претходно го одложи концертот на португалската пејачка Мариа Мендеш, пред малку соопшти дека истиот сепак ќе се одржи, но со хуманитарна цел. Средствата од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во Кочани.
-
Свет 19.03.2025 08:54
Европа мора да ги зајакне европските капацитети
Во услови на војна во Украина и зголемени геополитички тензии, Европа мора да ги зајакне своите воени капацитети за да избегне можни војни – истакна шефицата на Европската комисија.
-
Свет 19.03.2025 08:52
Нетанјаху: Преговори со Хамас само под оган
Преговорите за обновување на примирјето во Газа ќе се одвиваат само под оган-дециден израелскиот премиер. Ги повика цивилите во енклавата да се преместат во побезбедни области по смртоносните напади за кои тврди дека биле насочени кон терористите.
-
Свет 19.03.2025 08:50
Путин ги паузира нападите врз енергетските објекти
Рускиот претседател согласен да ги паузира нападите врз енергетската инфраструктура во Украина, но не и да прифати целосен прекин на огнот-став на Путин по телефонскиот разговор со Трамп.
-
Македонија 19.03.2025 08:48
Македонија тагува по загинатите во пожарот, утре погреб на жртвите
Заврши обдукцијата на телата на жртвите во катастрофалниот пожар во дискотеката во Кочани. Погребот ќе се изврши утре. Во храмовите парастос, низ градовите собири за поддршка на настраданите во пожарот.
Јована Костадиновска известува.
-
Македонија 19.03.2025 08:42
Денеска продолжува судењето за двојното убиство
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска откако на минатото рочиште во Основен Кривичен суд Скопје беше сослушан Велибор Манев, еден од обвинетите. Манев изјави дека се познава со сите обвинети, освен со таткото на убиеното девојче.
-
Македонија 19.03.2025 08:27
Откажани масовни собири по кампуси
Универзитетското студентско собрание при УКИМ информираше дека наместо големи собири по кампуси ќе се организираат само собири на ниво на факултети за изразување почит и сочувство за загинатите во пожарот во кочанската дискотека.
-
Македонија 19.03.2025 08:15
Бесплатен превод на документи за повредените
Докторите нека ги спасуваат, ние да преведуваме. На социјалната мрежа Фејсбук е отворена група, насловена „Превод кога е најпотребен“, каде преведувачи нудат бесплатен превод на повеќе јазици на медицинска и на немедицинска документација за повредените во пожарот.
-
Македонија 18.03.2025 20:56
Уапсен е потписникот на проектот со кој дискотеката Пулс доби лиценца за работа
Уапсено е лицето кое изработило проект без исполнување на условите и овозможил дискотеката „Пулс“ да добие лиценца, рече министерот за внатрешни Панче Тошковски. За пожарот во дискотеката во Кочани досега се приведени 18 луѓе, а во краткотраен притвор се 16.










