Попладнево во Владата, прес-конференција на првиот човек на ФЗОМ, Клековски и на директорот на ГОБ „8 Септември“. Се зборуваше за состојбата на повредените во болниците и капацитетот на земјава за справување со последици од ваков вид несреќи.
Вести
-
Македонија 19.03.2025 13:34
-
Македонија 19.03.2025 13:25
Обвинителството бара продолжување на притворите
Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за нови 48 часа на 16 лица, опфатени со предистрагата за пожарот во кочанската дискотека. Вкупно 18-мина се опфатени со оваа мерка. Сè уште се утврдува каква е улогата на градоначалникот на Кочани, Папазов, кој си поднесе оставка.
-
Македонија 19.03.2025 12:53
Три објекти со активна лиценца не исполнуваат услови за работа, констатирал инспекторатот
Над 10 тимови на Државниот пазарен инспекторат континуирано се на терен и ги проверуваат условите во кабареата и ноќните клубови кои имаат активни лиценци. Констатирани се сериозни регулаторни прекршувања.
-
Македонија 19.03.2025 12:35
АВМУ: Да се почитуваат највисоките професионални и етички стандарди при информирање за погребите
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги потсетува медиумите, при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани, да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди.
-
Свет 19.03.2025 12:29
Српското собрание ја потврди оставката на Вучевиќ
Падна српската влада. На седница на Собранието констатирана оставката на премиерот Вучевиќ кој самиот ја поднесе во крајот на јануари по падот на натстрешницата во Нови Сад.
-
Македонија 19.03.2025 11:59
ОЈО бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица, вкупно во притвор се 18
Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.
-
Македонија 19.03.2025 11:46
Адвокатот Витановски се откажа од одбраната на Палевски
Адвокатот Маријан Витановски го откажа полномошното за бранење на Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања и Панче. Судијата Ивица Стефановски пред почетокот на денешната расправа ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово.
-
Македонија 19.03.2025 11:41
ДСЗИ ќе проверува дали имало пропусти во лекувањето на кумановецот кој почина вчера од анафилактички шок
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и екипа од Министерството за здравство ќе утврдуваат дали имало пропуст во лекувањето на пациентот кој почина вчера во Општата болница Куманово.
-
Македонија 19.03.2025 11:30
Пациенти од штипската болница пуштени на домашно лекување
Еден пациент со полесни повреди во моментот е хоспитализиран во штипската болница. Од оние двајца пациенти кои во понеделникот се пријавиле во болницата, едниот од нив е испратен на домашно лекување, а другиот е препратен на скопските клиники.
-
Македонија 19.03.2025 11:23
Пронајден амфетамин во Гевгелија, поднесена кривична пријава против две лица
СВР Струмица – ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Б.Г.(24) и А.М.(25) од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по










