Лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2024 година ќе биде соопштен денеска на прес-конференцијата во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, во 12 часот.
Вести
-
Култура 14.03.2025 09:46
-
Македонија 14.03.2025 08:48
Делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода денеска без струја.
-
Свет 14.03.2025 08:48
Кина, Русија и Иран започнаа разговори за иранските нуклеарни прашања
Високи претставници од Кина, Русија и Иран во Пекинг на разговори за иранската нуклеарна програма. Во заедничка изјава, заменици-министри за надворешни работи повикаа на укинување на санкциите на САД кон Иран поради нуклеарната програма.
-
Македонија 14.03.2025 08:30
Претседателот на Собранието во посета на Битола
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе престојува во посета на Битола.
-
Свет 14.03.2025 08:24
Трамп: Гренланд ќе се припои кон САД
Шефот на Белата куќа изјави дека американската анексија на автономната Данска територија Гренланд ќе се случи и дека тоа ќе ја подобри меѓународната безбедност.
-
Култура 14.03.2025 08:22
Славниот тенор Пласидо Доминго вечер настапува во Скопје
Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго вечер во 21 часот ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири – една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија.
-
Свет 14.03.2025 08:07
Зеленски го повика сојузниците да го зголемат притисокот врз Русија
Украинскиот претседател ги повика сојузниците да го зголемат притисокот врз Русија и да воведат дополнителни санкции.
-
Македонија 14.03.2025 08:03
Сообраќајот е одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 14.03.2025 08:01
Премиерот Мицкоски со министрите Перински и Николоски ќе извршат увид на градежни активности во Ѓорче Петров
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамки на „Каде што срцето е дома“ денеска ќе ја посетат општина Ѓорче Петров.
-
Македонија 14.03.2025 07:59
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.










