Обвинителството на Босна и Херцеговина издаде наредба за апсење на претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ
Вести
-
Свет 12.03.2025 11:57
-
Македонија 12.03.2025 11:32
ДКСК отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација
Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе утврдува дали има судир на интереси во случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација.
-
Македонија 12.03.2025 11:15
Муцунски на средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов
Во рамките на првата официјална посета на Баку, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов.
-
Економија 12.03.2025 10:42
Министерката Димитриеска-Кочоска на министерски состанок во Подгорица
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун.
-
Македонија 12.03.2025 10:21
Објавен јавен оглас за вработување 300 професионални војници
Министерството за одбрана распишува оглас за вработување 300 професионални војници со 4-годишен договор и можност за продолжување.
Кандидатите ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност, а потребно е да не се постари од 25 години.
-
Македонија 12.03.2025 10:15
Сиљановска-Давкова ја продолжува посетата на Азербејџан
Азербејџан е подготвен да го зголеми нивото на дистрибуција на природен гас на македонскиот пазар, беше истакнато на средбата во Баку меѓу претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и нејзиниот домаќин Илхан Алијев.
-
Македонија 12.03.2025 10:12
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, приведено едно лице
Денеска во 07.00 часот, полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар при ОВР Гостивар го лишиле од слобода Д.М.(36) од Гостивар. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
-
Свет 12.03.2025 09:22
Гренланд: Опозицијата победи на изборите
Опозициската партија Демократит победи на парламентарните избори во Гренланд со освоени 29,9 насто од гласовите што е значителен скок од над 9 проценти во однос на претходните избори од 2021-та.
-
Култура 12.03.2025 08:54
Гостување на Хелене Буковски во Јуроп хаус во Скопје
Германската авторка Хелене Буковски вечерва во 19 часот во Европската куќа во Скопје ќе одржи промоција на дистопискиот роман „Млечни заби“, кој е во издание на Издавачката куќа „Три“ (2024).
-
Свет 12.03.2025 08:53
Романија: Уставниот суд ја отфрли жалбата на Ѓоргеску за забрана за учество на изборите
Уставниот суд на Романија едногласно ја одби жалбата против забраната за кандидирање на повторените претседателски избори на крајнодесничарскиот политичар Калин Ѓоргеску. Пресудата повеќе не може да се обжали, што го означи неговиот крај во подемот.










