Оркестарот на Националната филхармонија вечер со почеток во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Магична виолина“ на кој како солист ќе настапи врвниот белгиски виолинист Марк Бучков, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски.
Вести
-
Култура 06.02.2025 08:33
-
Свет 06.02.2025 08:27
Француската влада преживеја гласање недоверба
Француската влада на премиерот Франсоа Бајру го преживеа гласањето за недоверба побарано од партијата на радикалната левица „Непокорена Франција“. ЗА гласаа 128 пратеници од вкупно 577, што е далеку помалку од неопходното мнозинство од 289 пратеници.
-
Македонија 06.02.2025 08:24
Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром, соопшти РЦУК – Скопје.
-
Свет 06.02.2025 08:21
Белата куќа со објаснување за плановите на Трамп
Белата куќа се обиде да го одбрани и разјасни предлогот на претседателот Трамп, САД да ја преземат контролата на Газа и да ја претворат областа во ривиера на Блискиот Исток.
-
Македонија 06.02.2025 08:15
Без вода дел од корисниците на ул. „Максим Горки“
Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Максим Горки“ во Центар.
Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улична цевка од ф 200 мм на ул. „Максим Горки“ бр. 13.
-
Свет 06.02.2025 08:14
Најтешка состојбата на Покровск
Русија и Украина разменија по 150 воени заробеници.
-
Македонија 06.02.2025 08:07
Сообраќајот тековно и без застои
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 06.02.2025 08:02
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во работна посета на Австралија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во периодот од 6 до 13 февруари 2025 година ќе престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на македонски министер за надворешни работи по пауза од 15 години.
-
Македонија 06.02.2025 08:00
Во Собранието ќе заседаваат две комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат две комисии – Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно правната комисија.
-
Култура 06.02.2025 07:59
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на Гевгелија
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на институциите од областа на културата и субјекти од областа на туризмот во Гевгелија.
Во рамки на посетата, министерот Љутков ќе се обрати на прес-конференција во Народниот театар во Гевгелија.










