Американскиот претседател Трамп посочи дека и на Европа и најверојатно на Велика Британија ќе и зададе удар со царини откако ги погоди најголемите американски трговски партнери – Канада, Мексико и Кина – со даноци за увоз.
Вести
-
Свет 03.02.2025 08:43
-
Македонија 03.02.2025 08:35
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Економија 03.02.2025 08:34
Економско-социјалниот совет ќе расправа за минималната плата
Економско-социјалниот совет денеска треба да одржи седница на која ќе се разгледаат можностите за зголемување на минималната плата, што како барање го поставија синдикатите.
-
Свет 03.02.2025 08:27
Неизвесно кога ќе почнат преговорите од втората фаза од договорот меѓу Израел и Хамас
И натаму неизвесно кога ќе почнат преговорите од втората фаза од договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Рокот истекува денеска, на 16-от ден од првата фаза.
Израелскиот премиер Нетанјаху е во посета на САД, на средба со американскиот претседател Трамп.
-
Македонија 03.02.2025 08:14
Јаневска на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на Самит на министри за образование, иновации и култура на земјите од Западен Балкан и Унгарија, што се одржува на 3 и 4 февруари 2025 година во Будимпешта.
-
Економија 03.02.2025 08:11
Закуп на земјиште над 3 хектари
Државата нуди под закуп земјоделско земјиште, распоредено во 10 региони и тоа во: гази баба, Струмица, Пехчево, кисела вода, Гевгелија, Чаир, Валандово, Куманово, Радовиш и во Штип.
-
Македонија 03.02.2025 07:56
Во Кривичен ново рочиште за убиството на Вања и Панче
Во скопскиот Кривичен суд закажано ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче. Обвинителството треба да ја соопшти одлуката дали ќе бидат изземени обвинителите во овој случај
-
Македонија 03.02.2025 07:53
Променливо облачно со слаб локален дожд
Променливо облачно со слаб локален дожд, а по одделни котлини со појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од-1 до 6 степени, а максимумот од 6 до 13 степени.
-
Македонија 02.02.2025 20:57
Правда за Фросина, затвор за Васил - порачаа граѓаните на масовниот протест во Скопје
Половина час пред закажаниот протест, стотици граѓани веќе беа на местото каде што згасна животот на 22-годишната Фросина. Меѓу нив, и семејството на девојката.
-
Македонија 02.02.2025 20:39
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
Заеднички истражен тим од Македонија и Србија по повеќемесечна меѓународна соработка, од утрово спроведуваше координирани активности за разоткривање на криминална група што се занимавала со фалсификување и нудење на пазар на европска валута – евро во различни апоени, соопштија од ОЈО.










