Вести

  • Македонија 02.02.2025 09:57

    Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.

    Намалена видливост до 100 м. поради појава на магла има кај Неготино, Демир Капија, Охрид, Сарамзалино, Делчево и патниот правец Катланово – Велес.

  • Свет 02.02.2025 09:33

    Во понеделник почнуваат преговорите за новата фаза од прекинот на огнот во Газа

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе ги започне преговорите за втората фаза од прекинот на огнот во Газа кога ќе се сретне со пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф, во понеделник во Вашингтон, соопшти кабинетот на Нетанјаху доцна ноќта во саботат

  • Македонија 02.02.2025 08:37

    Променливо облачно, кон крајот на денот повремени врнежи

    Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини.

    Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

  • Свет 01.02.2025 19:05

    Трамп со нов бран царини

    Американскиот претседател Доналд Трамп воведе агресивни царини од 25 насто за Мексико и Канада, како и 10 насто за Кина, како одмазда за, како што велат од Белата куќа „нелегалниот фентанил што тие го купиле и дозволиле да се дистрибуира во земјата“.

  • Свет 01.02.2025 18:26

    Руски напад врз историскиот центар во Одеса

    Руските со ракети го нападна историскиот центар на украинскиот пристаништен град Одеса на Црното Море, при што се повредени 7 лица и беа оштетени згради на списокот на светско наследство на УНЕСКО, соопштија локалните власти.

  • Македонија 01.02.2025 18:05

    Една недела гори градска депонија во Прилеп

    Една недела гори прилепската градска депонија кај Алинци. Со денови гаснат комуналците, пожарникарите, а напомош се и фирмите. Но, досега, сето е сведено на жаришта кои сè уште тлеат. Од прилепски „Комуналец“ велат дека намерно се пали.

  • Свет 01.02.2025 17:46

    Продолжуваат протестите во Србија

    Огромен број студенти и граѓани од попладнево ги блокираа сите три моста во Нови Сад по повод три месеци од уривањето на настрешница на железничката станица во градот. Варадинскиот мост, Мостот на Слободата и Мостот на Жежељ ќе бидат блокирани три часа, а Мостот Слобода 24 часа.

  • Македонија 01.02.2025 17:15

    Граѓаните во Скопје и денеска запалија свеќи за Фросина Кулакова

    Со грутка во грлото беше секој пешак кој поминуваше покрај Универзална. Сè уште присутни тага и неверување дека еден млад живот пред неколку дена згасна, токму на ова место. Пред сликата на младата Фросина се оставаа списанија за мода, срциња и цвеќе.

  • Македонија 01.02.2025 16:52

    Струмичани со марш против загадениот воздух

    Струмичани со протестен марш го изразија својот револт што институциите не го решаваат проблемот со загадениот воздух. Со години Струмица е меѓу најзагадените градови во земјава. Досега никој не е казнет, а граѓаните се трујат.

  • Македонија 01.02.2025 16:24

    Потребни се нови стратегии за решавање на проблемите во сообраќајот

    Една од причините за честите сообраќајни несреќи, во поголемите градови се сообраќајниците кои се проектирани во минатото, наменети за помалку возила. Урбаните средини забрзано растат и се пренаселени, обемот на возила е зголемен повеќекратно.

Pages