Цената на горивата се зголемуваат од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 73,5 денари по литар.
Цената на горивата се зголемуваат од вечерва на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продава по цена од 73,5 денари по литар.
Македонија под бела покривка. На дел од патните правци, забрана за тешки товарни возила. Нормализиран сообраќајот на потегот Гевгелија – Богданци каде се излизга машина за чистење на снег. „Македонија пат“ уверува дека на терен е целокупната механизација.
Вработените во шест министерства и во Државниот завод за статистика утре излегуваат на протест, го бараат додатокот на плата од 30 проценти. Министерот кој е задолжен за администрацијата Минчев признава дека платите се мали, но, вели – сумата што се бара е преголема.
Кривичниот суд во Скопје ја изрече пресудата за случајот „Тврдина“ за уништувањето на опремата за масовното прислушување. Тројца, меѓу кои екс-разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се во бегство добија затворски казни.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека е во тек координирано извлекување на заглавено постаро лице од снежни наноси, кое е во својот дом во кочанското село Полаки.
„Не бараме милост од државата туку почитување на договореното – откуп по 35 за ситните и 40 за крупните сорти. Не сакаме политикантство врз наш грб, туку трајно решение според кое откупната цена нема да биде пониска од производната, која годинава е 27 денари за килограм арпа.
Со огромно мнозинство на неделните избори Зоран Милановиќ е реизбран за претседател на Хрватска. Во вториот круг од гласањето убедливо го победи кандидатот на владејачката конзервативна партија Драган Приморац.
Македонија станува привлечно место и за луѓе од далечниот исток. Случајно го сретнавме Џин Деним од Јужна Кореја.
Утре во земјава ќе има повремени врнежи од претежно слаб снег во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни.