Техничката влада е неуставна категорија – став на претседателката Сиљановска-Давкова. Нема порака за опозицијата која инсистира Пржино да остане за изборите.
Марина Стојанова – Тонева известува.
Техничката влада е неуставна категорија – став на претседателката Сиљановска-Давкова. Нема порака за опозицијата која инсистира Пржино да остане за изборите.
Марина Стојанова – Тонева известува.
Се проширува акцијата за нелегален увоз и дистрибуција на медицински средства користени при естетски зафати. Уапсени се доктори на скопските клиники и сопственици на дерматолошки ординации.
Тројцата повредени се хоспитализирани во Ургентниот центар. Едниот е со скршеници, другите двајца се со полесни повреди.
Александра Велинова е на Комплексот клиники и ги има најновите информации за нивната состојба.
Сирени на полициски и амбулантни возила утрово ги разбудија жителите на Кисела Вода. Четворица градежни работници биле затрупани од насип со земја на градилиште во општината. Еден загинал, а тројца се повредени.
Андријана Ѓурческа е на местото на трагичниот настан.
САД развиваат планови за гаѓање на иранската одбрана во Ормускиот теснец доколку прекинот на огнот со Иран не успее. Примирјето е ставено на тест, а тензиите растат откако Трамп издаде наредба за напади врз ирански чамци кои поставуваат мини за да го задушат сообраќајот низ теснецот.
Основниот кривичен суд Скопје информира дека постапувајќи по предлог на надлежното обвинителство, на 09.04.2026 година судот донесе решение со кое на лицето Г.А.А., вработен како судски службеник – судски полицаец во овој суд, му определи мерка притвор во траење од 30 дена поради основано сомнева
Еден градежен работник загинал, а тројца се повредени во утринската несреќа на градилиште во скопската населба Кисела Вода, каде при ископ на темели дошло до затрупување со земја.
Откорнати покриви, урнати електрични столбови-силно торнадо го погоди градот Енид во американската држава Оклахома, предизвикувајќи значителна штета.
Во Украина продолжуваат руските напади, додека Киев возвраќа со удари врз нафтена инфраструктура во Русија. Зеленски предупредува дека ако светот сака да го запре Путин, мора да му каже дека греши.
Голема трагедија се случи утринава во скопската населба Кисела Вода, во која најмалку двајца градежни работници се затрупани со градежен материјал при ископ и подготовка на теренот за изградба на нова зграда.