Граѓаните со очекувања дека ќе се намалат цените на лебот, месото, млечните производи, овошјето, зеленчукот кои се дел од 800-тини производи опфатени со новогодишната кошница. Се надеваат дека трговците ќе ја почитуваат акцијата која треба да почне за три дена.
Вести
-
Економија 12.12.2024 15:37
-
Македонија 12.12.2024 15:21
Кривична пријава против три физички и две правни лица, го оштетиле државниот буџет за 5.768.612 денари
Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основано сомнение за сторени кривични дела: даночна измама, даночно затајување, соизвршителство и помагање.
-
Македонија 12.12.2024 15:01
Запленети околу 1.500 парчиња пиротехника во светиниколско
Полициски службеници од ОВР Свети Николе вчера извршиле преглед во продажен објект во с.Амзабегово, светиниколско, сопственост на А.Б.(52) од с.Амзабегово.
При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1.500 пиротехнички средства.
-
Македонија 12.12.2024 14:47
Ковачевски барал поткуп од 250.000 евра за да ѝ дозволи на фирма која победила на тендер да работи
Поткуп во висина од 250.000 евра побарал поранешниот директор на ЕСМ и на РЕК Битола Васко Ковачевски заедно со негови блиски соработници за да ѝ дозволи на фирма која победила на тендер за ископ на јаглен да продолжи со работа.
-
Македонија 12.12.2024 14:36
Велковски: Македонската држава три децении пример за хуманост и солидарност кон бегалците и мигрантите
30 години од воспоставувањето на партнерството помеѓу Република Македонија и Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) денеска беше одбележан во министерството за надворешни работи и трговија.
-
Култура 12.12.2024 14:12
Премиера на претставата „Замисли нов свет“ во МНТ
Публиката се враќа во театар. Со секоја претстава салата е исполнета до последно столче. Се бара билет плус, но тие се распродадени со месеци однапред.
-
Македонија 12.12.2024 13:29
Референдум за разрешување на градоначалник?
Јавниот превоз, сметот и други проблеми со кои се соочуваат скопјани во изминатиот период, причина за предлогот на владата за законско решение со кое ќе се отповикуваат градоначалници, за да може да се направи промена, а да не трпат граѓаните.
-
Македонија 12.12.2024 13:28
30 години дипломатски односи со УНХЦР
30 години од воспоставувањето на дипломатски односи со Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации и отворање на Канцеларијата на УНХЦР во Скопје.
-
Економија 12.12.2024 13:24
ДПИ ги контролира цените во маркетите
Над 800 производи во 36 маркети, ќе бидат со пониски цени, како дел од новогодишната кошница. Но, на терен ситуацијата за граѓаните е загрижувачка. Се жалат дека во малопродажба цените се драстично зголемени.
-
Македонија 12.12.2024 13:14
Партиите со реакции додека трае истрагата за случајот „Адитив“
Обвинителството продолжува со истрагата за акцијата „Адитив“. За деветмина е определен притвор. Полицијата трага по поранешниот директор на ЕСМ.
Известува Миле Ристески.










