Меморандум за соработка за Преспанскиот басен, но и за формирање Европска групација за територијална соработка во прекуграничниот регион на Преспа меѓу општините Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат во Лемос, Грција четворицата градоначалници, а целта е општините од трите земји да се заложат
Вести
-
Македонија 29.11.2024 08:33
-
Свет 29.11.2024 08:27
Австралија забрани социјални мрежи за деца под 16 години
Австралија ја усвои забраната за социјални мрежи за деца под 16 години.
-
Свет 29.11.2024 08:27
Зеленски: Путин сака да ја ескалира ситуацијата
Уништена руската мобилна радарска станица на Крим, соопшти Министерството за одбрана на Украина. Од друга страна, Москва тврди дека вооружените сили на Русија го погодиле седиштето на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана во Харков.
-
Свет 29.11.2024 08:25
Изолирани напади во јужен Либан и покрај примирјето
Израелскиот премиер и наложил на војската да биде подготвена за интензивна војна во случај на прекршување на примирјето со милитантната група Хезболах во Либан. За можниот договор за заложници со Хамас во Газа, Нетанјаху вели дека работите се променети на добро.
-
Свет 29.11.2024 08:24
Демонстрантите во Грузија се судрија со полицијата
Демонстрантите се судрија со полицијата во главниот град на Грузија откако владата ги прекина разговорите за кандидатура за членство во Европската унија до 2028 година. Потегот на грузискиот премиер Кобахидзе дојде неколку часа откако тој беше повторно назначен на функцијата.
-
Македонија 29.11.2024 08:22
Панел-дискусија на АХВ за управување со популацијата на бездомни кучиња
Ветеринарната комора на РСМ денеска во Клуб на пратеници ќе одржи панел-дискусија на тема „Ангажманот на локалната заедница во управување со популацијата на бездомни кучиња“.
На настанот обраќање ќе има директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) д-р Оливер Миланов.
-
Македонија 29.11.2024 08:21
Приватните превозници и денеска нема да возат, се чека одлука на вонредна седница на Град Скопје
Приватните превозници и денеска нема да возат низ скопските улици, но се надеваат дека од понеделник ќе се вклучат во сообраќај.
-
Македонија 29.11.2024 08:19
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
-
Македонија 29.11.2024 08:15
Претседателот на Собранието Африм Гаши во посета на Гостивар
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе ги посети канцелариите за контакти на пратениците со граѓаните во Гостивар.
-
Економија 29.11.2024 08:13
Уште два дена амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025
Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија
Во Собранието денеска ќе продолжи амандманската расправа за Буџетот за 2025 година. Последен ден за амандманите за државната каса е утре.










