Сирени за тревога и нови руски напади во Украина. Жртви во Суми. Украинскиот парламент затворен од безбедносни причини.
Вести
-
Свет 22.11.2024 09:31
-
Македонија 22.11.2024 09:24
Поради дефект неколку улици од Карпош без вода
ЈП Водовод и канализација известува дека денес поради дефект на приклучна цевка на ул. Стохломска 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Стокхломска, Његошева, Петар Драганов, Софиска и Бриселска.
-
Македонија 22.11.2024 09:24
Попладне пообилни врнежи во западните делови
Денес времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h).
-
Македонија 22.11.2024 08:47
Учество на министерот Муцунски на владина донаторска конференција „Ромите и пријателите“
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера учествуваше и се обрати на владината донаторска конференција „Ромите и пријателите“, посветена на проекти за подобрување на интеграцијата на Ромите во општеството, со акцент на домувањето, културата и образованието.
-
Свет 22.11.2024 08:47
Пем Бонди именувана за државен обвинител на САД
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја именуваше Пем Бонди, поранешната јавна обвинителка на Флорида, за државен обвинител на САД, само неколку часа откако Мет Гаец се повлече од кандидатурата.
-
Свет 22.11.2024 08:46
Писториус нема да се кандидира за канцелар
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус нема да се кандидира за канцелар на земјата на претстојните вонредни избори на 23-ти февруари.
Соопшти дека тоа е негова лична одлука, додавајќи дека ќе ја поддржи кандидатурата на Шолц за реизбор.
-
Свет 22.11.2024 08:46
Нетанјаху: Одлуката на Меѓународниот кривичен суд е антисемитска
Нетанјаху ја осуди одлуката на Меѓународниот кривичен суд по налозите за негово апсење и на неговиот поранешен министер за одбрана Галант нарекувајќи ја антисемитска.
-
Свет 22.11.2024 08:46
Ескалира руско-украинскиот конфликт
Пентагон потврди дека Русија ја нападнала Украина со нова ракета, додавајќи дека биле информирани за нападот непосредно пред лансирањето за што го известиле и Киев. Велат, не сакаат војна со Русија, но и натаму ќе ја помагаат Украина со оружје.
-
Економија 22.11.2024 08:39
Панел-дискусија „Повеќе даночни приходи за побогато општество – перцепции и перспективи“
Во Клубот на пратеници денеска ќе се одржи Панел-дискусијата „Повеќе даночни приходи за побогато општество – перцепции и перспективи“.
Панел-дискусијата се одржува по повод Денот на даночните работници – „29-ти боември, Св. Матеј“, стои во соопштението од Управата за јавни приходи.
-
Македонија 22.11.2024 08:37
Амбасадата на САД организира панел-дискусија на тема „Борба против корупцијата“
Амбасадата на САД, преку Програмата ОПДАТ на Министерството за правда на САД и УСАИД, денеска ќе организира панел-дискусија со претставници од Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство, со цел подобрување на соработката во борбата против










