Не е одличен, но од сите досегашни извештаи на Европската комисија за состојбите во правосудството е најдобар – констатира премиерот Мицкоски за извештајот на Европската комисија за состојбите во правосудството.
Вести
-
Македонија 18.07.2026 17:57
-
Економија 18.07.2026 17:18
Премиерот најави намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива
Ќе се намалат акцизите за дизелот и безоловното гориво по драматичниот раст на цените неделава како резултат по обновените конфликти на Блискиот Исток – најавува премиерот. Се прави калкулацијата. Владата ја продолжи кризната состојба.
-
Македонија 18.07.2026 16:37
Три пожари сè уште активни низ Македонија
Ниска вегетација гори во село Желино. Опожарена е ниска вегетација и кај патарината кон Гостивар во општина Боговиње.
Третиот активен пожар е на територија на општина Крива Паланка, во подрачјето на место викано „Думачка Маала“. Таму горат ниска вегетација и багреми.
-
Македонија 18.07.2026 15:54
Видео надзор и казни за палење на дивите депонии
Поставување видеонадзор на локации каде има диви депонии, зачестена контрола од страна на полицијата но и контрола со дронови. Ова се дел од препораките на Локалниот совет за превенција за спречување на пожарите на депонии во струмичко.
-
Македонија 18.07.2026 14:46
Штипска Апелација со нови шест судии, Основниот суд со петмина помалку
Републичкиот судски совет изврши избор на шест судии во Апелациониот суд во Штип. Тројца се од граѓанската област, Маја Џорлева, Александар Цацков и Мери Гичева, од кривичната област се Цона Каламерникова, Јулијана Неткова и Сашко Георгиев.
-
Свет 18.07.2026 14:02
Повеќе од 100 куќи изгореа во пожар во Норвешка
Повеќе од 100 згради се уништени во пожарите во близина на градот Драмен во јужна Норвешка, околу 50 километри западно од Осло. Полицијата евакуираше стотици луѓе откако пожарот се прошири во околната шума.
-
Македонија 18.07.2026 13:20
Се очекуваат анализите на водата во Гостивар
Паника кај гостиварци. Се зголемува бројот на пациенти кои се јавуваат во болницата. Над 260, од кои 100-тина деца синоќа на Инфективно и на Педијатрија. Само три деца се задржани за понатамошна лекарска нега. По наредба на обвинител се земаат мостри од водата за пиење.
-
Македонија 18.07.2026 12:26
Муцунски на средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
Во Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски имаше работна средба со американскиот заменик-државен секретар Кристофер Ландау.
-
Свет 18.07.2026 11:47
Русија и Украина продолжуваат со меѓусебните напади
Русија не се откажала од намерата да заземе дополнителна украинска територија и да формира таканаречена тампон-зона на северот од земјата, велат украинските власти.
-
Свет 18.07.2026 11:01
Вашингтон и Техеран со нови напади насочени кон инфраструктурни и воени цели
Се интензивира битката околу Ормускиот Теснец. Централната команда на САД соопшти дека таргетира локации за надзор, воена, логистичка инфраструктура, складишта за оружје и поморски капацитети.










