На Владата не ѝ оди, подготвени сме за предвремени парламентарни избори, ќе настапиме многу поорганизирано, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Од „Вреди“ велат мнозинството е стабилно, се зголемува, изборите се непотребен трошок.
Вести
-
Македонија 04.11.2024 13:28
-
Македонија 04.11.2024 13:23
Колку се сигурни градбите во Македонија?
Трагедијата во Нови Сад го вклучи алармот, колку се безбедни и соодветно градени и објектите во Македонија. Стручната фела со апел одржувањето е битен процес. Што велат стручните лица? Борис Грујоски побара одговор на оваа тема.
-
Македонија 04.11.2024 13:09
ДСЗИ вршат надзор за случајот со починатото бебе на Детска клиника
Инспекторите на ДСЗИ на терен, вршат надзор за последниот случај на бебето починато на Детската клиника во Скопје. Во четвртокот новороденче од Струмица било донесено во тешка здравствена состојба.
-
Економија 04.11.2024 12:42
Министерката Божиновска ќе учествува на 21. Економски форум во Виена
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ќе учествува на 21. Виенски Економски Форум (ВЕФ) – „Виенски дијалог за иднината 2024“, што ќе се одржи денеска во Виена, Австрија.
-
Македонија 04.11.2024 12:39
Штрајк на вработените во „Царински терминал“ во Прилеп
Десетина вработени во прилепскиот „Царински терминал“ излегоа на предупредувачки едночасовен штрајк. Немаат плата три месеци, ниту пак здравствено осигурување. Терминалот работи под капата на прилепски Комуналец. Бараат разбирање од надлежните и решение.
-
Македонија 04.11.2024 11:59
Наредните денови сончево време со студени утра
Продолжува периодот на претежно сончево време, но со постудени утра, а минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.
По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност, соопшти УХМР.
-
Култура 04.11.2024 11:39
Почина македонската писателка Оливера Николова
Почина Оливера Николова – македонската писателка најмногу позната по култното дело „Зоки Поки“.
Таа е писателка за возрасни и за деца и е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.
-
Свет 04.11.2024 11:29
Украина за 12 часа соборила 50 руски „Шахеди“
Украинската армија собори 50 руски беспилотни летала во последните 12 часа. Напади се регистрирани во Киев, Суми, Одеса, Херсон, Харков, има повредени.
Претседателот Зеленски истакна дека во октомври биле употребени повеќе од две илјади дронови „Шахед“ против Украина.
-
Македонија 04.11.2024 11:29
ЦУК: Во последното деноноќие имало регистрирано 14 пожари на отворено на територијата на државата
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.989 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 59 отсто, а 41 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-
Култура 04.11.2024 10:55
МНТ со „Народен непријател“ на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград
По учеството на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во БиХ, Македонскиот народен театар повторно со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на III Балкански театарски фестивал во Благоевград, Бугарија.








