Соединетите Американски Држави одбројуваат. За еден ден ќе се знае кого Американците избрале за станар на Белата куќа во следните четири години. Трката и натаму е неизвесна. И демократите и републиканците велат дека победуваат во повеќето клучни држави.
Вести
-
Свет 04.11.2024 08:44
-
Свет 04.11.2024 08:25
Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер во Грција
Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер е регистриран на Халкидики во близина на Неа Модања. По овој потрес следуваше афтер шок со јачина од 4,2 степени по Рихтер.
Епицентарот бил во Егејско Море на длабочина од 15,9 километри.
-
Свет 04.11.2024 08:20
Уште еден ден од изборната кампања во САД
Уште еден ден до изборите во САД. Републиканецот Доналд Трамп или демократката Камала Харис – Европа и светот со нетрпение го чека исходот од гласањето на претседателските избори кои многумина ги оквалификуваат како историски.
-
Македонија 04.11.2024 08:18
Годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост
Две работилници, видеоприлог на тема „Новинарите и вештачката интелигенција“ и годишен состанок на Мрежата за медиумска писменост, се активностите со кои денеска ќе бидат затворени Денови на медиумска писменост 2024, кои годинава се одржуваа под мотото „Твојата свесност е најважниот филтер“.
-
Свет 04.11.2024 08:18
Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија
Проевропската, актуелна претседателка Маја Санду прогласи победа во вториот круг од изборите во Молдавија над противкандидатот Александр Стојаногло кој важи за близок со Русија.
-
Свет 04.11.2024 08:17
Се истражува причината за несреќата во Нови Сад
Српските власти почнаа со истрагата за причините за трагедијата во Нови Сад во која загинаа 14 лица.
-
Македонија 04.11.2024 08:14
АМСМ: Блокада на регионалниот пат Зрновци – Пониква
На регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно на м.в.„Белска крстосница“ и денеска ќе има делумна блокада поради протест на граѓани. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента кон Пониква и кон с. Бели, соопшти АМСМ.
-
Македонија 04.11.2024 08:10
Седница на Клубот за младински прашања и политики
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Клубот за младински прашања и политики.
-
Македонија 04.11.2024 08:08
Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Пред пратениците – членови на оваа Комисија на оваа седница е и проверката на кандидатурите доставени по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 207/2024).
-
Македонија 04.11.2024 08:07
Сиљановска Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2024/2025 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, соопштуваат од претседателскиот кабинет.










