Во Велес знамињата на половина копје. Градот жали за тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес. Двајца повредени се на КАРИЛ. Каква е здравствената состојба на повредените, во Дневникот известува Петар Печков.
Во Велес знамињата на половина копје. Градот жали за тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Велес. Двајца повредени се на КАРИЛ. Каква е здравствената состојба на повредените, во Дневникот известува Петар Печков.
Лекарската комора е на потег. Етичка комисија денеска треба да се произнесе за смртта на 14-месечното бебе. Според извештајот на Стручната комисија, констатирани се системски, технички и стручни недостатоци. Дали извештајот на Лекарската комора е готов?
Советот на јавни обвинители на потег по обвинувањата на вишиот обвинител за притисоци од главниот обвинител Коцевски, да се внимава во предметот за СЈО и бонусите кои ги делеле, со укажување да не се даде својство на ВМРО-ДПМНЕ на оштетен.
Со нови сведоци продолжи судењето за двојно убиство. На претходното рочиште сведочеа полициски началници од СВР Скопје и Велес, кои обелоденија како успеале да ги најдат телата на младата Вања и велешанецот Панче. Денеска исказ даде началник на единицата за насилен криминал.
ЕСМ со кредит плаќа стари долгови од 5 милијарди денари, целта е да се консолидира компанијата – вели премиерот Мицкоски.
Министерот за дигитална трансформација се обрати на третиот регулаторен дијалог меѓу Европската Унија и Западен Балкан, на кој присуствуваат Генералниот директор на Директоратот за поврзување (DG Connect), Роберто Виола, како и министрите задолжени за дигитализација од Србија, Црна Гора, Албанија
ЈСП Скопје утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка Скопска. Ова е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ за која, како што тврдат од оттаму, не е поврзана со ЈСП „Скопје“.
Над 270 проекти од речиси сите општини кои конкурирале на повикот за помош на единиците на локалната самоуправа се потврдени на владина седница, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Откако украинскиот претседател Зеленски на НАТО состанокот во Брисел го презентираше планот за победа во пет точки, реакциите не стивнуваат. Војната меѓу Москва и Киев не смее да се претвори во конфликт меѓу Русија и НАТО, дециден германскиот канцелар Шолц.
Продолжува судењето за двојното убиство. Нови сведоци денеска се испитуваа пред петтемина обвини за убиството на Вања и Панче.