Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Дорис Аџо Дењо Бресе, новоименуваната амбасадорка на Република Гана, со седиште во Прага.
Вести
-
Македонија 18.10.2024 12:05
-
Македонија 18.10.2024 11:34
АХВ спроведе вонредни контроли и во Куманово
Приближно 100 килограми небезбедно месо и подготовки од месо нештетно уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вторникот во Куманово, при спроведени вонредни надзори во ресторани, месарници и маркети.
-
Свет 18.10.2024 11:01
Најмалку шест лица загинаа при превртување на туристички автобус во Турција
Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени при превртување на туристички автобус во Аксарај, Турција.
-
Свет 18.10.2024 10:59
Украина собори 80 руски беспилотни летала во текот на ноќта
Украинската воздушна одбрана собори 80 од 135 руски беспилотни летала лансирани во текот на ноќта. Воздухопловните сили соопштија дека изгубиле трага на 44 беспилотни летала, кои најверојатно паднале на територијата на Украина. Регионот Суми, исто така на удар на гранати.
-
Свет 18.10.2024 10:52
Големи поплави ја зафатија централна Франција
Големи поплави ја зафатија централна Франција. Во општината Лоара, 36 часа паѓаше дожд. Неколку граѓани остана заробени во автомобилите.
Противпожарната бригада успеала со брод да ги евакуира погодените. Властите стравуваат од дополнителни врнежи.
-
Македонија 18.10.2024 10:23
Средба Муцунски – Силвестри
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунск вчера го прими амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.
-
Македонија 18.10.2024 10:12
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
Вчера во 13 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода С.В.(28) од Гевгелија. При претрес на две локации во Гевгелија кои ги користи лицето, по дадена судска наредба, биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од растителна материја.
-
Култура 18.10.2024 10:10
Двојна изведба на балетска претстава „Дамата со камелии“ на сцената на НОБ
На 30-ти октомври и 2-ри ноември со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.
-
Свет 18.10.2024 10:03
Хезболах објави дека влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел
Израел ја продолжува потрагата по лидерите на милитантните групи на Блискиот Исток. Во Појасот Газа елиминиран Јахја Синвар, кој по смртта на Исмаил Ханије стана највлијателниот лидер на Хамас и е главен организатор на нападот врз Израел на 7-ми октомври.
-
Свет 18.10.2024 09:55
Зеленски го претстави „Планот за победа“ на Самитот на ЕУ
Русија мора да плати за штетите што ги предизвика, став на ЕУ од состанокот на Советот на Европа. Брисел работи на заем за Киев од 35 милијарди евра заедно со партнерите од Г-7.










