Нема веќе активни пожари кај Атина, властите велат дека постои висок ризик од нови. Службите остануваат во состојба на висока готовност.
Вести
-
Свет 14.08.2024 09:16
-
Економија 14.08.2024 09:03
Оглас за субвенции за амбалажа за ориз
Агенцијата за финансиска поддршка објави јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за мерката – помош за маркетинг на земјоделските производи и нивни преработки.
-
Свет 14.08.2024 08:42
Кишида нема да се кандидира за уште еден мандат
Јапонскиот премиер Фумио Кишида, со изненадувачки потег објави дека нема да се кандидира на претстојното гласање за лидерство на партијата во септември, отворајќи го патот за Јапонија да има нов премиер.
-
Свет 14.08.2024 08:41
Се прават напори за мировни преговори во Блискиот Исток
Ракети на Хезболах го преплавија северен Израел. Сирени огласени и на југот. Тел Авив тврди нема повредени. Во Газа нови напади и цивилни жртви. Советот за безбедност на ОН на средба за алармантните случувања во регионот.
-
Свет 14.08.2024 08:31
Москва наспроти Киев за напредокот во Курск
Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзините воени единици ги спречиле украинските трупи да продрат подлабоко во близина на Курските области, наспроти тврдењата на Киев дека под контрола држат 74 населени места.
-
Македонија 14.08.2024 08:22
Активни десетина пожари во земјава
Сè уште активни десетина пожари во земјава.
-
Македонија 14.08.2024 08:16
Сончево и многу топло, температури над 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен и дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. УВ индексот ќе изнесува =8.
-
Свет 13.08.2024 21:01
ЕУ ќе исплати 4,2 милијарди евра помош на Украина
Европската Унија денеска ќе исплати речиси 4,2 милијарди евра помош на Украина, соопшти претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
На социјалната мрежа „Икс“, таа посочи дека ова е дел од пакетот помош за Украина, кој изнесува 50 милијарди евра.
-
Македонија 13.08.2024 20:47
Арсовска ги разреши директорите на „Паркови и зеленило“ и „Дрисла“
Разрешени се директорите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Дрисла“, Мартин Ангеловски и Александар Кузинаков.
-
Македонија 13.08.2024 20:15
Хеликоптер на МВР фрли 83 тони вода врз пожарите близу Кочани и Маврови Анови
Хеликоптер на МВР денеска исфрли вкупно 83 тони вода во гаснењето на пожарите кај Кочани и Маврови Анови, информира Министерството за внатрешни работи.










