Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Вести
-
Македонија 03.05.2024 08:46
-
Македонија 03.05.2024 08:43
Велики Петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството
Велики Петок е денот кога е распнат спасителот и претставува симбол на Христовите страданија. Православниот канон за Велики петок предвидува строг пост со вода, а многу верници на тој ден не пијат, ниту јадат до зајдисонце.
-
Македонија 02.05.2024 20:18
Владата одржа седница, ова се одлуките
Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог-измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.
-
Свет 02.05.2024 20:08
Изгласана е новата Влада на Србија
Собранието на Србија вечерва ја избра новата Влада на Србија на чело со претседателот Милош Вучевиќ.
За новата влада од 250 пратеници колку што има српското собрание, за владата гласаа 152 од 213 присутни пратеници, а 61 беа против. Воздржани немаше, а отсутни беа 37 пратеници.
-
Македонија 02.05.2024 19:17
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
Државната изборна комисија на денешната седница донесе заклучок за конечност на разултати за избор на претседател на Република Северна Македонија, прв круг.
-
Македонија 02.05.2024 19:11
Интервју со Силјановска- Давкова вечерва на МТВ, Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите на дебата
Вечерва во 20.15 на Македонската телевизија наместо дуел меѓу двајцата претенденти за шеф на државата, ќе има интервју само со кандидатката за претседател, Гордана Силјановска-Давкова. Нејзиниот опонент Стево Пендаровски не дојде да ги соочи ставовите во дебатата на јавниот сервис.
-
Економија 02.05.2024 18:02
Одлучено да се вратат старите цени на полисите за автомобилско осигурување
Се враќаат старите цени на полисите за автоодговорност одлучи Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во Министерството за финансии. Го укина поскапувањето откако осигурителните друштва самоиницијативно ја зголемија цената на оваа услуга за 15,4 насто при регистрација на возила.
-
Македонија 02.05.2024 17:50
Претставниците на Фондацијата Ромите за демократија на средба со ДИК
Државната изборна комисија денес ги прими на средба претставниците на Фондацијата Ромите за демократија – Скопје кои протестираа поради попречување во исполнувањето на нивните права како акредитирани набљудувачи на ДИК, на првиот круг од Претседателските избори што се одржа на 24-ти април 2024.
-
Македонија 02.05.2024 17:41
Пронајдено тело на починат маж во Вардар кај Велес
Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко лице.
-
Македонија 02.05.2024 17:30
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изборната кампања
Бојкотот на вториот круг од претседателските избори не е механизам што треба примени, граѓаните треба да ја изразат својата волја бидејќи од нив зависи кој ќе биде иден претседател вели претседателскиот кандидат Гордана Силјановска- Давкова.










