Хамас ги објави трите барања за ослободување на заложниците – загарантиран крај на војната, непопречување во враќањето на палестинските затвореници на Западниот Брег и испорака на материјали за реконструкција на Газа. Конечниот одговор се очекува во Каиро.
Вести
-
Свет 03.05.2024 11:10
-
Македонија 03.05.2024 11:07
Приведен крадец во Гостивар, следува соодветна пријава
На 02.05.2024 во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Г.И.(50) од гостиварско Неготино.
-
Македонија 03.05.2024 10:40
Охрид преполн со туристи
Првомајските и велигденските празници ги исполнија хотелските и индивидуалните сместувачки капацитети на охридското крајбрежје. Покрај домашните гости во Охрид допатуваа туристи од регионот, но и гости од други земји во светот кои доаѓаат во рамките на Балканските кружни тури.
-
Македонија 03.05.2024 10:18
Најтажниот ден во христијанството
Со строг пост, во мир и во молитви, верниците го одбележуваат најтажниот ден за христијаните, Велики Петок – денот на распетието на Исус спасителот.
-
Свет 03.05.2024 09:49
Израелската војска продолжува со нападите во Газа
Во израелски напад е погодена зграда на сириските безбедносни сили на периферијата на Дамаск, осум војници се повредени. Војската на Израел ги продолжи и нападите во Појасот Газа. Во Каиро се очекува конечниот одговор на Хамас.
-
Македонија 03.05.2024 09:32
МВР: 100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 03.05.2024 09:25
Светски ден на слобода на медиумите
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на слободата на медиумите.
-
Свет 03.05.2024 09:06
Избрана новата влада на Србија на чело со Милош Вучевиќ
Со 152 гласа „за“ и 61 „против“, српските пратеници ја изгласаа новата влада-четири и пол месеци по одржувањето на изборите.
-
Свет 03.05.2024 09:06
Расте бројот на загинати во поплавите на југот на Бразил
Над 30 лица го загубија животот, а десетици се водат за исчезнати во поплавите во јужен Бразил. Спасувачките екипи со хеликоптери ги извлекуваат луѓето заглавени на покривите од домовите. Околу 15 илјади жители се евакуирани.
-
Свет 03.05.2024 09:06
Русите напредуваат, Киев бара итна помош
Продолжуваат жестоките борби на истокот на Украина. Ситуацијата на фронтот се влошува-вели Киев, иако одбранбените линии сè уште се цврсти. Москва тврди дека напредува во правците на Авдиеевка, Очеретин и Часов Јар. Зеленски бара брза испорака на помошта.










