Елми Азири од коалицијата „Европски фронт“ вели дека тие нема да поддржат ниту еден од кандидатите во вториот круг на претседателските избори, но дека ќе ги повикаат граѓаните да излезат на гласање и тие според сопствените убедувања и приоритети да решат за кого ќе гласаат.
Вести
-
Македонија 03.05.2024 15:34
-
Македонија 03.05.2024 15:10
Православните верници го одбележуваат Велипеток
На Велипеток вратите на храмовите отворени за бројните верници. На најтешкиот ден во христијанството атмосферата достоинствена, само со молитви. Граѓаните со желби за мир и спокој во душите, но и меѓу луѓето.
-
Економија 03.05.2024 14:43
Цените високи, трпезата скромна за Велигден
Продолжува негативната практика за празниците преку ноќ да се качуваат цените на овошјето и зеленчукот, но и на другите производи.
Многу семејства и денот на Христовото воскресение ќе го прослават скромно.
-
Македонија 03.05.2024 13:54
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
Одделот за криминалистичка полиција, по наредба од Основното јавно обвинителство Битола презема предистражни дејствија и во координација со СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К.
-
Македонија 03.05.2024 13:20
Комбинаторики за состав на нова влада
Уште четири дена кампања, партиите и коалициите со засилени активности, предизборни калкулации кој со кого ќе коалицира. Известува Марина Стојанова-Тонева.
-
Свет 03.05.2024 12:34
Одбележување и комеморација на годишнината од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ наречена „Будење“
Голем број граѓани, пријатели, роднини и родители на убиените деца утринава се собраа пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде им оддадоа почит на жртвите, запалија свеќи и се потпишаа во книгата на сеќавањето на деветмината убиени ученици и училишниот чувар пред точно една г
-
Свет 03.05.2024 12:18
Повреден десетици туристи во Анталија
Десетина британски државјани се повредени при судир на две возила во јужна Турција.
Инцидентот се случил во јужната провинција Анталија. Сите се туристи кои патувале во два сафари-возила.
-
Македонија 03.05.2024 11:32
Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.05.2024 (сабота), поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св.
-
Македонија 03.05.2024 11:13
Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери
На 02.05.2024 во 21.40 часот во Кичево, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Б.Д.(32) и А.Д.(25), двајцата од Кичево.
-
Свет 03.05.2024 11:10
Хамас ги објави трите барања за ослободување на заложниците
Хамас ги објави трите барања за ослободување на заложниците – загарантиран крај на војната, непопречување во враќањето на палестинските затвореници на Западниот Брег и испорака на материјали за реконструкција на Газа. Конечниот одговор се очекува во Каиро.










