Вести

  • Економија 02.05.2024 08:35

    Мали ниви-мали производители

    Македонија има голем број земјоделци кои обработуваат мали површини. Расцепканоста на парцелите е проблем за поголемо производство и за намалување на трошоците.

  • Македонија 02.05.2024 08:25

    Почнуваат велигденските празници

    Се вапсаа првите велигденски јајца. Црвени. Пред изгрејсонце, првите сончеви зраци да ги осветлат и да ги помилуваат. Почнаа големите подготовки за најрадосниот празник – Христовото воскресение.

    Црвеното јајце ќе ги помилува лицата на децата за да бидат здрави и црвени.

  • Македонија 02.05.2024 08:11

    Продолжува претставувањето на изборната програма

    Партиите и претседателските кандидати продолжуваат со претставување на своите програми, средби со граѓани и митинзи за претстојните двојни избори. Уште неколку дена остануваат до молкот за вториот круг од претседателските и пред парламентарните избори.

  • Свет 02.05.2024 08:08

    Жестоки судири и насилства во Тбилиси

    Жестоки судири на улиците во Тбилиси откако законот за странски агенти беше усвоен во второ читање во грузискиот парламент.

    исфрлајќи го бесот против законот за којшто тврди дека ќе ја оддалечи земјата од патот кон ЕУ.

  • Свет 02.05.2024 08:07

    Продолжуваат израелските напади во Појасот Газа

    Израел ги продолжува воените акции и рации во Газа и на Западниот брег. Се очекува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот. Иако најновиот предлог го оценија негативно, велат, тоа не значи дека преговорите се прекинати.

  • Свет 02.05.2024 08:05

    Москва напаѓа, Киев возвраќа

    Се интензивира битката за Часов Јар-стратешкото упориште на Украинците. Москва распореди 25 илјади војници во близина на градот. Рускиот министер за одбрана Шојгу нареди поголема и побрза испорака на оружје на фронтот.

  • Македонија 02.05.2024 08:02

    Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

    На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

  • Македонија 02.05.2024 07:52
  • Македонија 02.05.2024 07:47

    Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд

    Времето денеска ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта.

  • Македонија 01.05.2024 20:32

    Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

    Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици во прво одделение. Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.

Pages