Жртви и десетици ранети во руски воздушни напади врз неколку украински региони.
Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените удари врз електроцентралите и друга критична инфраструктура.
Жртви и десетици ранети во руски воздушни напади врз неколку украински региони.
Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените удари врз електроцентралите и друга критична инфраструктура.
Утре во Мускат, Министрите за надворешни работи на арапските земји ќе разговараат за воспоставување безбедна пловна рута меѓу Иран и Оман низ Ормускиот теснец.
Охрид синоќа живееше во знакот на културата, историјата и традицијата. Голем број посетители ја искористија „Ноќта на музеите“ за поинаква прошетка низ стариот дел на градот, со 12 локации и исто толку различни приказни.
Почна сезоната на сечење на огревно дрво во Струмичко, а со тоа се интензивираа и дрвосечачките машини во сообраќајот по локалните патишта и улици во регионот.
Многу иновативни методи во компаниите за подобрување на конкурентноста на домашниот и на странскиот пазар, поврзување со странски компании, нудат двата јавни повици на Министерството за економија и труд, на кои компаниите имаат можност до утре да се пријават.
Учебната година почна, а со неа и засилената проверка на вакциналниот статус кај децата. Во Куманово учениците кои имале пропуштено вакцина според редовниот календар, дошле да го комплетираат имунизацискиот статус. Оние на кои им недостигала вакцина ја примиле и добиле потврда.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Гевгелија, 18 литри дожд на квадратен метар, по што следуваат Кавадарци - 17, Маврови Анови - 11, Берово и Пожаране - 10, Тетово - 8 и Ѓуриште - 7 литри на м2.
Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Исходот од гласањето може да одлучи дали земјата ќе продолжи да биде предводена од актуелниот десничарски блок или власта ќе ја преземе сојузот на левиот центар, предводен од социјалдемократите и нивната лидерка Магдалена Андерсон. Анкетите укажуваат на исклучително тесна и неизвесна трка.
Од 132 лица кои биле на бродот, 43 преживеале. Причината за пожарот сè уште не е утврдена, но портпаролот на крајбрежната стража пренесе изјава на еден од преживеаните, според кого пожарот можеби избувнал во товарниот простор.