Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ почна да функционира и на подрачјето на СВР Велес. Со неговото активирање се очекува да се овозможи постојан и засилен надзор на сообраќајот, побрзо откривање на прекршоците и зголемување на дисциплината кај возачите.
Вести
-
Македонија 12.09.2026 12:44
-
Македонија 12.09.2026 12:39
Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачките дозволи
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Јавното обвинителство поднесе кривична пријава против 27 лица, меѓу кои и вработена во Министерството, под сомнение за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, ни
-
Свет 12.09.2026 10:36
35 загинати во пожар на траект на Филипините, 54 лица се водат како исчезнати
Спасувачките екипи вчера пронашле 30 тела, соопшти филипинската крајбрежна стража. На бродот имало 132 патници, а не 134, како што првично беше соопштено.
Пожарникарите успеале дури вчера да се качат на пловилото поради густиот чад и високата температура предизвикана од пожарот.
-
Свет 12.09.2026 10:31
Тензиите на Блискиот Исток не стивнуваат - нови судири и десетици илјади раселени
Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток. Во Оман в понеделник ќе се разговара за комерцијалната пловидба низ Ормускиот Теснец, Израел соопшти дека уништил тунелска инфраструктура на Хезболах во јужен Либан, додека по ескалацијата на борбите во Јемен се раселени повеќе од 46 илјади луѓе.
-
Свет 12.09.2026 10:26
Путин ја предупреди Европа: Испраќањето војници во Украина би значело војна со Русија
Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Европа да не ги „турка народите на сопствените земји кон војна со Русија“, оценувајќи дека евентуалното испраќање европски војници во Украина би значело директен конфликт со Москва.
-
Македонија 12.09.2026 09:43
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, гостуваше во емисијата „Меѓу редови“ на Алфа ТВ, каде што говореше за новата мобилна апликација м.Услуги.
-
Култура 12.09.2026 09:38
„Ноќ на музеите“ во Охрид со посета на 12 локации во стариот дел на градот
Во рамки на четиричасовната културна програма „Охрид – Град музеј“, посетителите ќе имаат можност да посетат 12 интересни локации и да се запознаат со различни сегменти од охридското културно и историско наследство преку изложби, демонстрации, дегустации, работилници и уметнички настапи.
-
Македонија 12.09.2026 09:22
ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола
Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три се активни а четири се под контрола. Изгаснати се 24 пожари.
-
Култура 12.09.2026 09:13
„Ноќна урбана трка“ вечерва низ улиците на Центар
Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, денеска го организира првото издание на „Ноќна урбана трка“ - прв општински полумаратон во земјава и нов спортско-забавен настан во Скопје.
-
Македонија 12.09.2026 09:08
Мицкоски на пуштање во употреба на новите капацитети на „TESSA Energy“
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска во Скопје ќе присуствува на пуштањето во употреба на новите когенеративни капацитети на компанијата „TESSA Energy“.
Настанот ќе се одржи во Чаир со почеток во 11 часот, а на него е најавено обраќање на премиерот Мицкоски.










