Голема група американски воени сили се движи кон Иран, потврди американскиот претседател. Трамп истакна дека и покрај растечките тензии на Блискиот Исток негова цел не е воена ескалација.
Вести
-
Свет 23.01.2026 14:56
-
Македонија 23.01.2026 14:28
Лишен од слобода возач од тетовско, возел во спротивна насока под дејство на алкохол
На 23.01.2026 во 00:15 часот на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Д.М.(47) од с. Камењане, тетовско, информираат од МВР.
-
Македонија 23.01.2026 14:04
Изгласан Законот за прекршоците, од 1-ви февруари почнува „Безбеден град“
Собранието со 81 глас „за“ и 19 „против“ го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка.
Со ова се отвора патот за почеток на системот за автоматско снимање и санкционирање сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ од 1-ви февруари.
-
Македонија 23.01.2026 13:33
Празниците и собирите, причини за ширење на грипот
По Скопје, Охрид меѓу градовите со највисока циркулација на грип во земјава. Здравствените власти предупредуваат дека по празниците и зголемениот број туристи, бројот на новозаболени расте, а пикот на грипот се очекува во почетокот од февруари.
-
Економија 23.01.2026 13:25
Трет мобилен оператор во земјава
Во Агенцијата за електронски комуникации доделена лиценцата за трет мобилен оператор.
-
Македонија 23.01.2026 13:23
Судење за случајот „Онкологија 2“
Продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, за незаконско набавување лекови, фиктивни тендери и присвојување на дел од терапијата.
Вкрстено испитување на сведок на обвинителството, поранешен финансиски раководител во Фондот за здравство.
-
Македонија 23.01.2026 13:16
Зелено светло за измените на Кривичниот законик
Комисијата за политички систем даде зелено светло на измените на Кривичниот законик. Ова треба да биде потврдено и на пленарна седница.
Опозицијата поднесе 14 амандмани. Најголемо внимание предизвика членот 353, во однос на висината на казните и застарување на делото.
-
Македонија 23.01.2026 12:47
Маја Коневска едногласно избрана за генерален секретар на ДКСК
Антикорупционерите едногласно ја избраа досегашната раководителка за стратешко планирање Маја Коневска за генерален секретар на комисијата.
-
Свет 23.01.2026 12:00
Кремљ: Територијалните прашања се клучни
Рускиот претседател Путин се сретна со специјалниот пратеник на САД, Виткоф, и зетот на Трамп, Кушнер во Москва. На маса идниот статус на земјиштето во источна Украина кое во моментов е окупирано од Русија.
-
Македонија 23.01.2026 11:35
Средба Муцунски- Фидан
На маргините на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Република Турција.









