Вечерва со почеток во 19:30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер.
Вести
-
Култура 23.01.2026 11:08
-
Македонија 23.01.2026 10:40
Седница на ДКСК
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 27-та седница на која ќе се постапува по предмети, но и по пријави од укажувачи.
На дневен ред на седницата е и избор на генерален секретар на ДКСК.
-
Свет 23.01.2026 10:11
ЕУ најави голем инвестициски пакет за Гренланд
Европските челници најавија инвестициски пакет за Гренланд по зголемениот геополитички интерес за регионот. Европската унија призна дека досега недоволно инвестирала во Арктикот и во неговата безбедност.
-
Свет 23.01.2026 09:51
Ирак ги засили патролите по должината на границата со Сирија
Ирак ги засили патролите по должината на границата со Сирија по неодамнешните тензии и нестабилност на сириска страна. Багдад е загрижен дека некои од затворениците кои избегаа од затворите во соседството би можеле да станат опасност за безбедноста на Ирак.
-
Македонија 23.01.2026 09:29
Предлог- законот за прекршоци пред пратениците, обезбедено двотретинско мнозинство за „Безбеден град“
Според најавите, денеска на собраниска седница треба да се гласа за измените на Законот за прекршоци, потребен за да може да профункционира системот „Безбеден град“, од 1-ви февруари.
-
Македонија 23.01.2026 09:06
Продолжува судењето за „Онкологија 2“
Судењето за случајот „Онкологија 2“ денеска продолжува со вкрстено испитување на поранешен финансиски раководител во Фондот за здравствено осигурување, предложен од обвинителството.
-
Македонија 23.01.2026 08:47
Амандманска расправа за измените на Кривичниот законик во матичната комисија
Во Собранието денеска се одржува амандманска расправа на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање.
-
Македонија 23.01.2026 08:30
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци во државата
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај.
-
Свет 23.01.2026 08:19
ЕУ останува будна за случувањата на Гренланд
ЕУ останува будна во врска со Гренланд. Лидерите, на вонредниот самит во Брисел тврдат дека извлекле лекции од колективната стратегија.
-
Македонија 23.01.2026 08:07
Променливо облачно со подолги сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната од 6 до 10 степени.










