Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на вториот Министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул.
Вести
-
Македонија 23.01.2026 08:02
-
Свет 22.01.2026 20:52
Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина
Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина, вели специјалниот пратеник на САД. Виткоф смета дека создавањето на бесцаринска зона во Украина би претставувало „промена на правилата на игра“ за економијата на земјата.
-
Македонија 22.01.2026 20:20
МЗ: Јавното здравје пред комерцијалниот интерес – забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи
Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби се однесуваат на објави во медиуми, на интернет и социјални мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци.
-
Свет 22.01.2026 19:59
Две жртви во силното невреме што ја погоди Грција
Силна бура со обилни дождови и ветрови што го погоди поголемиот дел од Грција одзеде два животи. Регионот Атика најтешко погоден.
Се очекува моќниот вртлог денес да се движи кон исток. Властите остануваат во состојба на висока готовност.
-
Култура 22.01.2026 19:46
Млади европски музичари и истакнати меѓународни уметници ќе настапуваат во Македонската филхармонија овој февруари
Овој февруари, Институтот FAME’S ја претставува својата февруарска концертна серија во Камерната сала на Македонската филхармонија, со две концертни вечери кои ја отсликуваат разновидноста и професионалниот фокус на своите оркестарски едукативни програми.
-
Македонија 22.01.2026 19:25
Андоновски: Нови е-услуги од ФЗО и поврзување со Централниот регистар на население
На денешната прес-конференција, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека целта на Министерството е јасна: „јавните услуги да бидат достапни, поврзани и ориентирани кон потребите на граѓаните и бизнисите“.
-
Култура 22.01.2026 19:02
Потпишан Меморандум за културна соработка меѓу Национална галерија на РС Македонија и Музејот на современа уметност од Белград
НУ Национална галерија на РС Македонија – Скопје склучи меморандум за културна соработка со Музејот на современа уметност од Белград (Република Србија) на 16.01.2026 година.
-
Македонија 22.01.2026 18:58
ИЈЗ: 2.062 случаи на заболени од грип во последнава недела
Во периодот од 12 до 18 јануари, односно во третата недела од 2026 година, во земјава се пријавени 2.062 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
-
Македонија 22.01.2026 18:52
Предложен притвор за дилер на хероин
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 22.01.2026 18:45
ФЗОМ воведе нови онлајн услуги за граѓаните
Директори на јавни здравствени установи што сами си ги зголемиле платите, а на некои лекари им се исплаќале и прекувремени часови и дежурства, не ги вратиле парите, обелодени директорот на Фондот за здравство. Доколку не ги вратат ќе бидат казнети на следната контрола.









