Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -1 до 6 степени.
На 30.12.2025 во 12:10 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода В.Л.П.(19) И Ф.И.П.(19), двајцата од Романија, поради сомнение дека извршиле кражба во златарница во трговскиот центар.
Израел објави дека ќе запре неколку хуманитарни организации да работат во Газа во рок од 36 часа бидејќи ги исполниле новите барања за предавање на лични податоци на палестинскиот и меѓународниот персонал распореден во енклавата.
Денеска полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани во централното градско подрачје на Кочани спроведоа превентивна активност на тема „Вози одговорно, секој живот е важен“.
Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде без наплата за сите граѓани.
Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје во Шуто Оризари, Филип Андов – Сокол, е осуден на осум месеци затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, сторена во соизвршителство и во продолжено траење.
16-ти март, пожарот во дискотеката „Пулс“ ја потресе македонската јавност. Настрадаа 63 млади лица, над 200-те беа повредени. Обвинителството отвори истрага. По нецели 8 месеци од трагедијата, покренато обвинението. На 19-ти ноември почна судењето.
Температурата паѓа под нулата, празничната атмосфера расте, но за бездомните лица новата година почнува без топол дом – изложени на силен студ, ноќта ја минуваат на улица.
Во струмичките кафулиња почна пред новогодишната еуфорија. Младите со музика и забава ја испраќаат 2025-та. Останатите ги прават последните подготовки за највеселата ноќ. Струмичани велат дека ќе биде скромно.
Во Охрид се чувствува празничната магија. Весело раздвижено, пристигнаа илјадници туристи, кои Новата година ќе ја дочекаат на брегот на Охридското Езеро.