Попладнево во 15 часот и 46 минути, на северната хемисфера каде се наоѓа и Македонија, настапува пролетта. Оваа година ќе трае 92 дена, до 21-ви јуни кога календарски ќе почне летото.
Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Попладнево во 15 часот и 46 минути, на северната хемисфера каде се наоѓа и Македонија, настапува пролетта. Оваа година ќе трае 92 дена, до 21-ви јуни кога календарски ќе почне летото.
Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.
Нека овие свети празнични денови донесат здравје, мир и благосостојба во сите домови.
По повод Фитр Бајрам, срдечно ви посакувам мир, здравје и благосостојба за вас и вашите семејства!
Среќен Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед!
Жртви и повредени во продолжените руски напади врз Запорожје, додека европскиот заем од 90 милијарди евра за Киев, неопходен за воена одбрана на земјата, повторно остана заглавен на самитот на ЕУ во Брисел.
Вам, лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Рамазан бајрам.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Верниците од исламска вероисповед го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и е наменет за духовно и телесно прочистување. Празнувањето следува по едномесечниот строг пост. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз.
Нападите на Блискиот Исток продолжуваат. Експлозии одекнуваат во Ерусалим и Техеран додека заливските земји јавуваат за пресретнати ирански дронови и ракети. Кувајтската рафинерија за нафта е повторно на удар.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.