Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
За време на посетата, министерот ќе изврши увид во градежните активности кои се изведуваат во два објекти во касарната.
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска ќе ги посети припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
За време на посетата, министерот ќе изврши увид во градежните активности кои се изведуваат во два објекти во касарната.
Државата ќе ги искористи сите алатки кои и стојат на располагање за да го заштити секој македонски граѓани, велат од Владата по забраната која адвокатот Тони Менкиновски ја доби за влез во Бугарија во времетраење од 10 години.
Кризата на Блискиот Исток предизвика драстичен скок на цената на нафтата на светските берзи. Достигна 118 долари за барел, највисоко ниво во последните четири години. Експертите предупредуваат дека може да надмине и 150 долари доколку не престане ескалацијата на Блискиот Исток.
Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Ново рочиште за стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на кое се очекува сведочат очевидци на кобната ноќ во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
Продолжуваат судирите на Блискиот Исток, неколку часа откако Иран го именуваше Моџтаба Хамнеи за нов врховен лидер на земјата. Хезболах го поздрави изборот, за Вашингтон-неприфатлив. Трамп вели тој е лесна категорија-„нема долго да трае“ без одобрение од САД.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 20 – 30 м. има на патниот правец с. Лисец – Попова Шапка.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Променливо облачно, во утринските и претпладневните часови во западните делови ќе има слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Со лет на „Флај Дубаи“ од Обединетите Арапски Емирати синоќа 151 лице пристигна на аеродромот во Скопје, евакуирани од Блискоисточниот кризен регион. Нивната евакуација беше координирана и спроведена од Министерството за надворешни работи во соработка со надлежните институции.
Додека денеска се одбележува Меѓународниот ден на жената, статистиката на Министерството за внатрешни работи покажува мрачна реалност.