Мал авион падна во Мавровското Езеро. Двајца косовски државјани се здобиле со повреди и се пренесени во медицинскиот центар во Гостивар на укажување помош.
Александра Велинова известува од Маврово
Мал авион падна во Мавровското Езеро. Двајца косовски државјани се здобиле со повреди и се пренесени во медицинскиот центар во Гостивар на укажување помош.
Александра Велинова известува од Маврово
СДСМ темата мигранти упорно ја туркаат и покрај сите мои укажувања дека нема да се случи во земјава влез на мигранти. Тие гласале за отворање мигрантски кампови, а тогаш ВМРО-ДПМНЕ беше обвинувана за ксенофобична партија. Сега се случува обратното, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Милена Таскова која од Скопје полета за Бари е тримилионитиот патник на Меѓународниот аеродром Скопје. Раководството на ТАВ Македонија заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и доделија два бесплатни билета и аеродромски услуги.
На конференција на „Советот на министри за култура од Југоисточна Европа“, денес во Охрид усвоена Охридска декларација „Одржливи културни модели за иднината“. Целта е јакнење на културата во функција на одржливиот развој.
Инспекциските служби утврдија серија прекршувања, од нерегистрирана дејност и лоши хигиенски услови, до сообраќаен хаос и недостиг на основна документација во забавниот парк „Зимзоленд“.
Дигитализацијата се повеќе зема замав. Денеска, електронски се поврзаа Централниот регистар и Царинската управа. Ова значи дека на граѓаните на коишто ќе им бидат потребни документи од Царинската управа ќе можат по електронски пат да ги извадат во Централниот регистар.
На 11.12.2025 во 23:55 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Т.З.(63) од Тетово, информираат од МВР.
Изобилните дождови предизвикаа големи поплави во северозападниот дел на САД. Најпогодена е американската сојузна држава Вашингтон. Прогласена е вонредна состојба на ниво на целата држава. Наредена е евакуација на десетици илјади жители.
Министерот за здравство, Азир Алиу, оствари средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Н.Е. Софија Филипиду, на која се разговараше за можностите за унапредување на билатералната соработка во здравствениот сектор.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на конференцијата „Родовата еднаквост во фокусот на пристапувањето кон ЕУ: Патоказ за Северна Македонија“, одржана во Скопје во организација на Министерството за европски прашања и UN