Тешко моторните возила се пренасочуваат од БП Дизел-Стенковец до ГП-Блаце.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Тешко моторните возила се пренасочуваат од БП Дизел-Стенковец до ГП-Блаце.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Денеска во законодавниот дом ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование. По повеќе од десет месеци од излегувањето на Таравари од Владата, премиерот треба да го комплетира владиниот состав, со испразнетите позиции во двата ресора.
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Во четврток, со почеток во 20 часот, Македонската филхармонија ќе одржи концерт по Повод денот на жената, насловен „Сила“ кој ќе го води диригентката Ребека Тонг од Индонезија, а како солист ќе настапи пијанистот Ендру фон Ојен од Франција.
Во рамки на концептот за активна комуникација со сите инвеститори, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски денес ја посети фабриката Кемет во ТИРЗ Скопје 1, при што беше остварена и работна средба со менаџментот, каде се разговараше за досегашните резултати, како и можностите за проширув
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода девет возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола, еден за возење нерегистрирано возило без возачка дозвола, еден за управување на возило под дејство на алкохол и еден за управување возило и
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска ја посети Армијата во касарната „Илинден“ во Скопје, во рамки на неговата официјална посета на Република Северна Македонија.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој е во прва официјална посета на земјава.
Продолжува истрагата за убиствата во Старо Нагоричане. Се врши ексхумација на уште една повозрасна жена, за која Обвинителството има сомненија дека и таа може да е жртва на 25-годишникот од Драгоманце. Како и во првиот случај и таа претходно била закопана како почината од ненасилна смрт.
Во ек на продолжени американско-израелски напади врз Иран и Либан, САД затворија амбасади и ги повикаа сите свои државјани да го напуштат регионот додека ги одбиваат иранските напади во државите од Заливот.