Компании за производство на медицински канабис остануваат без лиценци поради непочитување на законот. Ќе се менуваат и правилниците. За ова попладневно ќе информира министерот за здравство, Азир Алиу.
Известува Андријана Ѓурческа
Компании за производство на медицински канабис остануваат без лиценци поради непочитување на законот. Ќе се менуваат и правилниците. За ова попладневно ќе информира министерот за здравство, Азир Алиу.
Известува Андријана Ѓурческа
Лавина реакции предизвика одлуката за домашен притвор на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој по 14 месеци бегство со распишана меѓународна потерница одлучи да се врати во Македонија. Обвинителството гарантира дека и ваквата мерка гарантира обезбедување на осомничениот.
Во Македонскиот Културно – информативен центар во Белград вечерва во 19 часот ќе биде претставена самостојната изложба на фотографката Александра Костадиновска насловена „Осончена тишина“.
И денеска повторно пристигнаа дојави за поставени бомби во повеќе основни и средни училишта во Тетово.
Веднаш се преземени сите безбедносни мерки, направени се проверки на терен, а учениците и вработените беа евакуирани од училишните објекти.
Јавното обвинителство реагираше по бурните реакции во јавноста за мерката куќен притвор определена за поранешниот вицепремиер Артан Груби во предметот „Државна лотарија“, нагласувајќи дека одлуката е донесена исклучиво врз основа на закон.
Со едноминутен молк низ Украина почна одбележувањето на четири годишнината од руската инвазија. Линијата на фронтот непроменета, дипломатското решение заостанува. Војната остави илјадници жртви и уништена инфраструктура.
Државата следниот месец треба да ја исплати првата рата од средствата што компаниите ги уплатија во 2023 година по основ на солидарниот данок.
Снежната бура што го погоди источниот брег на Соединетите Американски Држави продолжува да предизвикува сериозни проблеми, со рекордни врнежи, масовни прекини на струја и илјадници откажани летови. Во Род Ајленд и Масачусетс наврнаа до 83 сантиметри снег, а во Њујорк над 48 сантиметри.
На 04.02.2025, третопријавениот Ј.К. и четвртопријавениот Д.К., поттикнати од петопријавениот Б.М., во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Осогово“ – Кочани – РЕ Пробиштип поднеле барање за сеча на стебла на нивен имот во атар на с.
Ситуацијата во Мексико се стабилизира по бранот насилства кои избувнаа по смртта на водачот на моќниот картел, „Нова генерација Халиско“, Немесио Осегера Сервантес, во подземјето познат како „Ел Менчо“. Властите распоредија илјадници војници за да ја зајакнат безбедноста.