Вести

  • Свет 29.03.2018 11:15

    Харадинај: Серизно ја сфаќам состојбата во Косово

    Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека тоа што не реагирал во понеделникот по инцидентот со интервенцијата на полициските сили на собирот на Србите во Косовска Митровица, не значи дека е рамнодушен, туку дека сериозно ја сфаќа состојбата во Косово.

  • Македонија 29.03.2018 10:43

    Седница за пратенички прашања

    Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 39-тата седница на која на дневен ред се пратеничките прашања.

    Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот кога заседава Парламентот.

  • Свет 29.03.2018 10:31

    Една година до Брегзит

    Една година откако британската премиерка, тереза меј го иницираше членот 50 за почеток на формалниот процес, ЕУ и Велика Британија успешно ги договорија условите за излегување и 21-месечниот период на транзиција по официјалниот датум на напуштање на Унијата, 29-ти март 2019-та година.

  • Македонија 29.03.2018 10:26

    Нови стандарди во живинарските фарми

    На први октомври идната година, производителите на јајца, несилките треба да одгледуваат според европските правила за благосостојба на живината.

  • Македонија 29.03.2018 10:22

    Утре во Виена, Димитров и Коѕијас на средба со Нимиц

    Утре во главниот град на Aвстрија се одржува средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција со посредникот на Обединетите нации за разликата на името, Метју Нимиц.

  • Македонија 29.03.2018 09:49

    Рочишта за „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“ во Кривичен суд

    Рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство-  „Трезор“, „Тарифа“ и „Труст“, се закажани за денеска во Кривичниот суд.

  • Македонија 29.03.2018 09:37

    Свлечиште на патот Гостивар- Кичево кај Тајмиште

    На магистралниот пат Гостивар-Кичево по планинскиот премин Стража кај селото Тајмиште има свлечиште поради што сообраќајот се одвива наизменично по една сообраќајна лента, само за лесни возила.

  • Економија 28.03.2018 17:08

    Инвестициски циклус од 270 милиони евра за патишта

    Власта почнува нов инвестициски циклус со кој, освен изградба на нови автопати и регионални патишта, ќе се реконструираат и модернизираат и постојните. Потребните 270 милиони евра се веќе обезбедени, дел се од буџет, а дел од странски кредитни извори.

  • Култура 28.03.2018 16:25

    Природните реткости во Македонија ќе се заштитуваат со финансиска програма на ЕУ

    Марковите кули, комплексот од фасцинантни карпи што со милениуми ги создавала природата ќе се обележува со патокази и информативни табли, ќе доби видео надзор, ќе се заштува од деградација и сѐ што е потребно да се зачува и да остане туристичка и спортска атракција.

  • Македонија 28.03.2018 15:51

    Стипендии за најдобрите студенти од ФЕИТ

    За најдобрите студенти е поттик и мотивација да го дадат својот максимум и да продолжат да работат на себе и да се надоградуваат. Ова е велат, признание за вложениот труд и за напорната работа. Трите најголеми енергетски компании ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО доделија стипендии.

Pages