Овој четврток Македонската филхармонија ќе го одржи симфонискиот концерт „Бернштајн 100“, со кој ќе се одбележи сто годишнината од раѓањето на еден од највлијателните американски композитори и диригенти, Леонард Бернштајн.
Вести
-
Култура 26.03.2018 11:54
-
Македонија 26.03.2018 11:37
Водостоите на реките над просекот за март
Водостоите на сите реки во земјава се над просекот за март, со исклучок на Крива Река на мерното место кај Крива Паланка каде нивото е незачително помало од просекот за овој месец,покажуваат мерењата на УХМР.
-
Свет 26.03.2018 11:34
Самит Европска унија- Турција
Во бугарскиот град Варна, вечер ќе се одржи самит ЕУ- Турција, посветен на билатералните односи и соработката.
-
Свет 26.03.2018 10:21
Жестоки судири меѓу полицијата и демонстрантите во Барселона, по апсењето на Пуџдемон
Со европски налог за апсење, германската полиција го приведе поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемон, на границата со Данска. Патувал во Финска за да се сретне со законодавците.
-
Економија 26.03.2018 10:14
Почна пријавувањето за субвенции
Земјоделците можат да поднесуваат барање за субвенции до 15-ти мај. Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Доколку имаат потреба од помош, може да се обратат во подрачните единици на министерството за земјоделство.
-
Македонија 26.03.2018 08:50
Ново рочиште за „Поткуп“, целосната снимка пред јавноста
Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Поткуп“. Јавноста ќе може да ја види целосната снимка обезбедена со посебните истражни мерки, каде што наводно Зоран Заев како градоначалник на Струмица бара пари од бизнисменот Иван Николов, кој треба и да сведочи.
-
Македонија 26.03.2018 08:47
Врховен треба да ја соопшти одлуката за притворените од 27-ми април
Денеска се очекува Врховниот суд да ги објави одлуките за жалбите на 13-темина осомничени за собраниските настани од 27-ми април, кои се во притвор.
-
Македонија 24.03.2018 09:47
Сообраќајот без забрани, по влажни коловози
Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет рано утринава имало во Крива Паланка, Страцин и Стојмирово.
-
Македонија 24.03.2018 09:40
Почнува летното сметање на времето
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, од ноќеска времето во два часот по полноќ ќе се смета како три часот, со што почнува летното сметање на времето.
-
Свет 23.03.2018 16:20
Убиен напаѓачот кој држеше заложници во супермаркет во Треб
Француските специјални полициски сили го неутрализираа напаѓачот во Треб, со што ѝ се стави крај на заложничката криза. Последниот биланс е тројца мртви и тројца повредени.










