Повисок економски раст, зголемено продуктивното вработување, повисок животен стандард, повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на ЕУ и НАТО процесите- ова се клучни цели на предлог буџетот за 2018-та, во експозето пред народните избраници посочи министерот Тевдовски.
Вести
-
Економија 22.12.2017 17:03
-
Свет 22.12.2017 16:15
Убиен Палестинец во судирите поради статусот на Ерусалим
Еден Палестинец бил убиен во судирите со израелските сили на границата на појасот Газа, каде што не стивнуваат немирите поради одлуката на САД да го признаат Ерусалим како главен град на Израел.
-
Македонија 22.12.2017 16:10
Влада на РМ: Исклучените домаќинства од парно нема да плаќаат паушал
Домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје, во 2018-та ќе бидат ослободени од плаќање паушал- соопшти Владата. Оттаму објаснуваат дека проблемот ќе се решава во рамките на новиот Предлог- закон за енергетика.
-
Македонија 22.12.2017 16:02
Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, Мицкоски единствен кандидат за наследник на Груевски
Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е единствен кандидат за наследник на Никола Груевски, кој поднесе неотповиклива оставка од лидерското место во партијата. За претседателската позиција биле поднесени две кандидатури, но е прифатена само на Мицкоски.
-
Македонија 22.12.2017 15:56
Констатирани оставките на Пендаровски, Ковачевски и Ибраимовски, Амди Бајрам ќе биде пратеник од Сојузот на Роми
Поранешниот министер без ресор Самка Ибраимовски стана пратеник. Дојде на местото на Васко Ковачевски кој стана директор на РЕК Битола. Наследник на Стево Пендаровски, кој е поставен за национален координатор за НАТО, ќе биде Далибор Богдановски.
-
Економија 22.12.2017 15:42
Жените се помалку платени од мажите
За исто работно место и со исти квалификации, жените се помалку платени од мажите за 18 проценти. Не се доволно вклучени на пазарот на труд, а зад нив имаат и повеќе прекувремено сработени часови.
-
Свет 22.12.2017 15:13
Пуџдемон бара нов дијалог со Рахој
„Шпанската држава доживеа пораз на предвремените избори“, изјави разрешениот лидер на Каталонија Карлес Пуџдемон во Брисел, повикувајќи на нова рунда преговори со централната влада на премиерот Маријано Рахој, чијашто партија освои само три пратенички места во составот на новиот парламент.
-
Македонија 22.12.2017 15:04
Агенција за пошти: Онлајн тргување само со проверени продавачи
Кога некој продава неовластено на социјалните мрежи се обраќа до поштенски оператор. Тој ја доставува пратката и при евентуално утврдување на оштетеност, купувачот одговорноста ја префрла единствено врз операторите. Ова е најчест пример со кој се соочува Агенцијата за пошти.
-
Македонија 22.12.2017 14:51
Одлуката за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски одложена за 5-ти јануари
Судската пресуда во Солун за екстрадиција поранешните разузнавачи Грујевски и Бошкоски, обвинети во предметот „Таргет- Тврдина“ на СЈО, е одложена за 5-ти јануари, поради необезбеден преведувач на македонски јазик.
-
Економија 22.12.2017 14:41
Коридорот 10 од витално значење за Македонија
Експертите од Техничкиот факултет и релевантните државни фактори тргнуваат во систематско решавање на патната и на железничката инфрастуктура на Пан Европскиот Коридор 10, којшто е од витално значење за економскиот развој на земјава.










