Грчкиот суд во Солун го одложи судењето на вработените во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски за 17-ти мај идната година.
Вести
-
Македонија 01.12.2017 13:23
-
Македонија 01.12.2017 13:04
Откриена лабораторија за екстази во Тетово
Разбиена најголема лабораторија за производство на синтетичка дрога во Југоисточна Европа. Таа била сместена во куќа во Тетово. Акцијата е резултат на заедничка прекугранична соработка меѓу обвинителствата и полициите на Македонија и на Србија.
-
Свет 01.12.2017 12:53
Земјотрес во Иран, повредени десетици лица
Десетици лица се повредени во земјотресот од шест рихтери во југоисточен Иран. Предизвикана е и материјална штета. Епицентарот бил 58 километри североисточно од градот Керман, на длабочина од 10 километри.
-
Македонија 01.12.2017 12:50
УХМР: Врнежите ќе продолжат и наредните два дена
Врнежите ќе продолжат и во наредните два дена, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува да наврнат 60 литри дожд на квадратен метар.
Водостојот на реките е покачен и постојат ризици од поплави. Од понеделник се очекува заладување.
-
Македонија 01.12.2017 12:45
Собранието им го одзеде имунитетот на шестемина пратеници
Собранието на Република Македонија го одобри барањето на Кривичниот суд за одземање на имунитетот на пратениците Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и Сашо Василевски, поради притвор за насилствата во Собранието на 27-ми април годинава.
-
Економија 01.12.2017 12:40
Доделени првите решенија за обештетување на стечајците
Доделени се првите решенија за надомест на стечајците. Законот за материјално обезбедување на стечајците беше усвоен на владина седница на крајот на јули годинава, а усвоен од македонското Собрание во септември годинава. Досега позитивно се решени 1.029 барања.
-
Македонија 01.12.2017 12:32
Осми декември, „Св.Климент Охридски“- неработен ден за сите граѓани
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците, 8 декември 2017 година (петок), „Св.Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
-
Македонија 01.12.2017 12:29
Почна седницата за одземање на имунитетот на шест пратеници
Собранието ја почна 25-тата седница на која има само една точка- симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, поради притвор за настаните на 27-ми април.
-
Свет 01.12.2017 11:57
Движење за промена“- нова централно левичарска алијанса во Грција
„Движење за промена“ е новата формација создадена од социјалистичката ПАСОК и центристичката Потами.
Целта на алијансата е обединување на централната левица во Парламентот и промена на сегашната статус кво ситуација, доминирана од партиите СИРИЗА и Нова демократија.
-
Свет 01.12.2017 11:53
Аргентина: Прекината потрагата по подморницата
Аргентинската морнарица ја прекина потрагата по исчезната подморница и 44-члениот екипаж. Портпаролот енрике балби смета дека и покрај вложените напори е невозможно да се лоцира пловниот објект.










